Австрија

ВИЕНА

Со богата култура, многубројни историски знаменитости и зачудувачка архитектура, Виена претставува исклучително наследство на познати музичари, уметници, поети и архитекти. Поставен на источните брегови на реката Дунав, главниот град на Австрија е полн со блескави палати, барокни замоци и збирка од музеи и споменици што треба да се истражуваат. Без разлика дали барате места за посета во еден или пак во повеќе денови, овој елегантен град нуди голем избор на туристички атракции.

Термин: 29.12.2023-02.01.2024                                                                                        ЦЕНА: 209 еур / 12960 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 29.12.2023 Скопје – Виена
Состанок со групата  во 12.30 ч. на паркингот пред спортска сала Борис Трајкоквски, поаѓање за Виена во 13:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден: 30.12.2023 Виена
Очекувано пристигнување во Виена во предпладневните часови. Посета на OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF. Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Виена.  факултативно заминуваме на панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ украсените улици на Виена. Ноќевање.

3 ден: 31.12.2023 Виена – Братислава
Појадок.  Во договорено време, факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Во пладневните часови, можност за излет до Братислава. Разглед на градот со водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови враќање во Виена.  Новогодишната магија се чувствува на секој агол. Враќање во хотел и слободно време за одмор и припреми за дочекот на Новата Година. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2024 – плоштад РАТХАУС (Rathaus Wien). Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

4 ден: 01.01.2024 Виена
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). После тоа, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Поаѓање кон Скопје во вечерните часови со попатни паузи за одмор.

5 ден: 02.01.2024 Скопје
Очекувано пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус
– Сместување во хотел Хотел Lenas West 3*на база 2НП
– Професионален туристички придружник за време на целото патување
– Посета на шопинг центар ПАРНДОРФ
– Организација и реализација на програмата

Во цената не е вклучено:
– Влезница за дворецот Шенбрун (влезница + локален водич + превоз), задолжителна резервација при уплата: 50€
– Само превоз Шенбрун: 15€
– Задолжителен разглед на Виена со локален водич: 15€
– Дунавска Кула: 25€
– Излет Братислава: 30€
– Доплата за избор на седиште во автобус (задолжителна резервација при уплата): 20€
– Доплата за празно седиште: 150€
– Задолжително патничко осигурување
– Туристичка такса по лице на ден ( се плаќа во агенција): 2€
– Доплата за еднокреветна соба: 4.340 ден.
– Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата

Напомени:
– За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање
– Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди час и место на поаѓање

 

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!