чешка

ПРАГА

Термин: 01.05-06.05.2024                                                                                               ЦЕНА: 199 еур. / 12.340 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 01.05.2024 Скопје – Прага
Состанок на групата во 11:00h. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден: 02.05.2024 Прага
Очекувано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно време за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден: 03.05.2024 Прага – Дрезден
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по Втората светска војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да Ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. . . Предлагаме крстарење по Влтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: 04.05.2024 Прага – Карлови вари
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка. Враќање во Прага во доцните попладневни часови. Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава.  Слободно време  и можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечера. Ноќевање. 

5 ден: 05.05.2024 Виена
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT. По пристигнувањето  во Виена, прошетка низ стариот дел на градот:  Стефан Плац, катедралата Св. Стефан …  Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови.  Ноќно возење.

6 ден: 06.05.2024 Скопје
Очекувано пристигнување во Скопје во пладневните часови ( во зависност од граничните премини)

Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус
– 3 ноќевања со појадок  во хотел 3* НП во Прага
– Организација и водство на програмата
– Посета и разглед на Виена
– Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
– Организација на аранжманот
– Лиценциран туристички придружник

Во цената не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување
– Разглед на Прага со локален водич – 15€
– Факултативен излет Карлови Вари – 35€
– Доплата за еднокреветна соба- 5.500 ден
– Крстарење со брод по Влтава – 20€
– Целодневна посета на Дрезден – 45€
– Туристичка такса по лице на ден – 3€ (се плаќа во агенција)
– Влезници за музеи и локалитети

Напомени:
– За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
– Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
– Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.

 

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!