турција

ИСТАНБУЛ

Термин: 03.05-06.05.2024                                                                                                 ЦЕНА: 109 еур / 6.758 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 03.05.2024
Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности и презентација на програма. Предвидено пристигнување во раните утрински часови.

2 ден: 04.05.2024
Пристигнување на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според  списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 часот. По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата. Водичот ги носи патниците до Аја Софија и Сината Џамија, кадешто може кој сака индивидуално да влезе, редот е многу голем и се чека со часови па затоа не е изводливо да влеземе како група.
Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори. Карактеристично за оваа црква е тоа што во самата црква се наоѓа и гробот на првиот македонски учебникар и еден од најистакнатите културни и црковни работници – Патренија Зографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен европски изглед кое како такво секојдневно го посетуваат многубројни светски туристи на дневно ниво.

3 ден: 05.05.2024
По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:
Крстарење по Босфор- 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето
Бејлербеи – Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.
Ускудар (Азиски дел) – На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.
Watergarden- е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.
Таксим Плоштадот – Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

4 ден: 06.05.2024
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”Kоска“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Во трговскиот центар  групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

Во цената е вклучено:
– Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
– Автобуски превоз
– Лиценциран туристички водич
– Посета на Капали Чаршија
– Посета на турската продавница „Коска“
– Шопинг во 212 центарот
-Туристичка такса

Во цената не е вклучено:
– Патничко осигурување
– Факултатвни излети
  * Балат и Галата Порт – 25€
  * Крстарење по Босфор, палата Бејлербеи, Watergarden, Ускудар и Таксим Плоштад – 70€
– Индивидуални трошоци

Напомени:

– ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ ( ДОЗВОЛЕНО Е ПАТУВАЊЕ САМО СО ПАСОШИ НА Р.С.МАКЕДОНИЈА). Воедно пасошот не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
– За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
– Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
– Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
– Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
– Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
– Резервации за одреден кат или страна не е можна.
– Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
– Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци. Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија.

 

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!