црна гора

ХЕРЦЕГ НОВИ

Термин: 02.05-05.05.2024                                                                                                                ЦЕНА: 11.900 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 02.05.2024  (четврток)  Штип – Скопје – Херцег Нови
Поаѓање за Херцег Нови во 22.00 часот од Штип – паркингот пред Новата Пошта, 23:00 часот од Скопје пред хотел Вип. Ноќно патување преку Косово и Албанија  со попатни паузи за одмор и царински формалности. 

2 ден: 03.05.2024 (петок) Тиват – Херцег Нови
Пристигнување во Тиват.Прошетка и разглед на Тиват католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс “Порто Монтенегро” (единствена марина на Јадранот, за љубителите на водените спортови) и полоштадот Пине. Поаѓање кон Херцег Нови, пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден: 04.05.2024 (сабота) Херцег Нови – Дубровник – Херцег Нови
Појадок. Можност за факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во Херцег Нови. Околу 22:00 часот се поаѓа према центарот, посета на црква каде се пречекува величествениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Ноќевање

4 ден: 05.05.2024 (недела) Херцег Нови- Будва – Острошки Манастир – Скопје/Штип
Појадок. Одјавување од хотелот. Заминување кон Будва, слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии… Заминување кон манастирот ,,св. Василиј Острошки”. Сместен во голема карпa на 900 метри надморска височина е дом на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпосетуваните светилишта на Балканот, манастар каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетите од сите религи и нации и се верува дека моштите на свети Василија Острошки се чудотворни. По посетата на Острог заминување кон Македонија преку Албанија и Косово.

Во цената е вклучено:
– Превоз со туристички автoбус на наведената релација
– Сместување во хотел “Palmon Bay 4 **** Херцег Нови, 2 ноќевања со појадок
– Користење на Спа Центар
– Посета и разглед на Будва и манастир ,,св. Василије Острошки”
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Факултативна посета на Дубровник – 25€
– Факултативна посета на Тиват и Порт Монтенегро – 15€
– Пакет факултативни посети на Дубровник , Тиват и Порт Монтенегро – 30€
–  Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Патничко здраствено осигурување.
– Туристичка такса 1,5 € по лице на ден (се наплатува на рецепција)

 

Напомени:
– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
* За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.

 

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!