Рим

ИТАЛИЈА

Термин: 16.03-19.03.2024                                                                                                ЦЕНА: 499 еур / 30.940 ден.

Цена за рана уплата до 20.01.2024 : 449 еур / 27.830 ден.

ПРОГРАМА:

1 Ден: 16. Март (сабота) СКОПЈЕ-РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 18:30 часот. Лет за Рим во 20:50ч. Пристигнување во Рим во 22:35 часот. Организиран трансфер до хотел. Ноќевање.

2 Ден: 17. Март (недела) РИМ
Појадок. Разглед со локален водич низ Рим – Познатата Плаца ди Спања и Фонтаната Баркача, Плоштадот Венеција, Фонтана Ди Треви, прошетка покрај Колесеумот(разглед од надвор).
Можност за факултативна посета на местото Tиволи и прекрасната Villa D’Este. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим.
Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани. Ноќевање.

3 Ден: 18.Март (понеделник) РИМ – ВАТИКАН
Појадок. Посета на Ватикан (факултативно) и Папската Базилика Св.Петар со локален водич на српски јазик – еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите.Основач е папата Јулиј II во 1506г. По разгледот пауза за ручек. Вечерта препорака за прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

4 Ден: 19. Март (вторник) РИМ-СКОПЈE
Појадок. Напуштање на хотелот.Можност за слободна прошетка. Попладне трансфер до аеродромот во Рим. Лет за Скопје вечерта во 23:10 часот. 

5 Ден: 20. Март (среда) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во 00:55 часот.

Во цената е вклучено:
– Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер
– Аеродромски такси
– Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел 3* на база ноќевања со појадок
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса 600 мкд (се плаќа во агенција)
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг
* ( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
– Карти за локален превоз (метро)
– Патничко – здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба

Факултативни излети:
– Посета на Ватикан со локален водич и влезница – 60 еур ( задолжително пријавување и уплата во агенција)
– Посета на Тиволи со локален водич и влезница – 60 еур ( задолжително пријавување и уплата во агенција)
– Разглед на Рим со локален водич  –  20 еур 

 

Напомени:

– Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
– Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
– За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА САФАРИ.

 

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!