париз

ВИЕНЕ | ПРАГА | МИНХЕН | САЛЗБУРГ

Париз – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Град на светлината koj е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ќе го направат Вашиот престој во овој град незаборавен.

Термин: 27.12.2023 – 05.01.2024                                                                                        ЦЕНА: 449 € / 27.840 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 27.12.2023 СКОПЈЕ-ВИЕНА
Состанок на групата во 10.30ч на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 11.00ч..Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград… . Ноќно возење.

2 ден: 28.12.2023 ВИЕНА-ПРАГА
Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден: 29.12.2023 ПРАГА-ПАРИЗ
Појадок. Претпладне, факултативно панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј.Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

4 ден: 30.12.2023 ПАРИЗ
Во утринските часови пристигнување во Париз – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне.Ноќевање.

5 ден: 31.01.2023 ПАРИЗ(ВЕРСАЈ – ЛУВР)
Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич : Кралскиот Париз. Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр. По посета та на Лувр, можност за организирана прошетка низ најпознатата париска авенија Шанзелизе. Дочек на Нова Година на Елисејските полиња. Враќање во хотел Ноќевање.

6 ден: 01.01.2024 ПАРИЗ(СРЦЕТО НА ПАРИЗ – АЈФЕЛ- СЕНА)
Појадок.Препорачуваме прошетка (со метро) со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Веднаш потоа, Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Можност да се искачите на Ајфелова кула (индивидуални влезници), да крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

7 ден: 02.01.2024 ПАРИЗ – МИНХЕН
Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркoви или можност за целодневна посета наVal d’Europe Shopping Center (Marne-la-Vallee). Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.

8 ден: 03.01.2024 МИНХЕН
Пристигнуваме во Минхен во утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици). Сместување во хотел. Ноќевање.

9 ден: 04.01.2024 МИНХЕН-САЛЗБУРГ-СКОПЈЕ
Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење преку Унгарија, Србија…

10 ден: 05.01.2024 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус
– 1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага (околина)
– 3 ноќевања во хотел 2/3* НП во Париз (околина)
– 1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен (околина)
– Прошетка низ Виена
– Прошетка низ Минхен
– Организација и водство на програмата
– Организација на аранжманот
– Лиценциран туристички придружник

Во цената не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување
– Туристички такси Прага, Париз, Минхен: 20€
– Версај превоз,влезница,лок водич (задолжителна резервација при уплата): 50 €
– Лувр(влезница + превоз) 30 € (задолжителна резервација при уплата)
– Крстарење по Сена: 20€
– Срцето на Париз: 20€
– Дизниленд – цена за влезница + 20€ превоз
– Задолжителна посета на Салзбург: 20€
– Билети за градски превоз, Прага, Париз, Минхен
– Доплата за еднокреветна соба: 8.200 ден
– Доплата за избор на седиште во автобус (задолжителна резервација при уплата): 20€
– Доплата за празно седиште: 200€
– Разглед на Прага со локален водич: 15€
– Крстарње по Влтава: 20€
– Разглед на Париз со локален водич: 20€ 

Напомени:
– За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање
– Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!