франција

ПАРИЗ

Град на светлината кој е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ќе го направат Вашиот престој во овој град незаборавен.

Термин: 30.12.2023 – 03.01.2024                                                                                        ЦЕНА: 595 € / 36.890 ден.

                                               Цена на аранжманот во претпродажба: 565 еур / 35.030 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 30.12.2023 СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Париз во 06:30 ч. Пристигнување во Франкфурт во 09:20ч, полетување за Париз во 12:20ч слетување во Париз на аеродромот “Шарл де Гол” во 13:35 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња… Сместување во хотел. Слободно време за индивидулани активности и прошетки. Ноќевање.

2 ден: 31.12.2023 ПАРИЗ – ЛУВР
Појадок. Mожност за факултативна посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”… како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен… (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прерасен поглед на Париз… прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд, каде традиционално се дочекува Новата Година. Евентуална можност за идивидуална прослава на Новогодишната ноќ, во некое од париските кабареа (само со претходно направена резервација). Ноќевање.

3 ден: 01.01.2024 ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД
Појадок. Можност за индивидуална посета (првоз со градска железница) до најголемиот забавен парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и оние кои што знаат да се радуваат како деца, со надеж дека ќе биде извор на среќа и инспирација за целиот свет. Вoлт Дизни студиото е посветено на безвременската фасцинација и приврзаност кон киното и телевизијата. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици…Враќање во Париз. Ноќевање.

02.02.2024 ПАРИЗ – ВЕРСАЈ /  Ајфелова Кула / Крстарење по Сена
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви… Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… Факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

03.02.2024 ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите во хотелот, слободно време за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродромот “Шарл де Гол” во 11:30ч. Лет за Скопје во 14:30. Пристигнување во Франкфурт во 15:50ч, од Франкфурт во 20:30ч. Пристигнување во Скопје во 22:40ч.

Во цената е вклучено:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Франфурт- Париз – Франкфурт Скопје (со Lufthansa Airline)
– Аеродромски такси
– Рачна ташна и голема кабинска торба do 8кг (115cm)
– Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел Ibis Styles Paris Mairie de Montreuil 3*, на база 4 ноќевања со појадок
– Туристичка такса за сместување
– Организиран панорамски разглед на Париз
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€-29€)
– Kрстарење по Сена, билет (од 20€)
– Посета на Лувр, со јавен превоз, резервација и влезница: (20€) *уплата при продажба
– Посета на Версај, со јавен превоз, резервација, водич и влезница: (60€) *уплата при продажба
– Превоз со метро
– Посета на забавниот парк Дизниленд.
– Патничко здравствено осигурување

Напомени:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!