Австрија

ВИЕНА

Со богата култура, многубројни историски знаменитости и зачудувачка архитектура, Виена претставува исклучително наследство на познати музичари, уметници, поети и архитекти. Поставен на источните брегови на реката Дунав, главниот град на Австрија е полн со блескави палати, барокни замоци и збирка од музеи и споменици што треба да се истражуваат. Без разлика дали барате места за посета во еден или пак во повеќе денови, овој елегантен град нуди голем избор на туристички атракции.

Термин: 09.12-12.12.2023                                                                                                 ЦЕНА: 599 еур / 37.140 ден.
                                                  За уплата до 15.11:  549 евра   (34.040 денари)
                                                          
Попуст -10% за уплата до 11.11.2023 
 

ПРОГРАМА:

1 ден: 09.12.2023 Скопје – Братислава – Виена
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 08:30 часот. Полетување за Братислава во 10:25 и слетување во 12:00 часот. Разглед на Братислава. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за кафе пауза и ручек. Трансфер од Братислава до Виена (80 km) и сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден: 10.12.2023 Виена
Појадок. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден од Еуген Савојски, обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта… Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург којбил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резеденција на австрискиот претседател… Посета на божиќниот Базар, да се осети празничната магија со мирисот на ароматичните пекарски производи, печени бадеми, слатки и топли пијалоци за загревање. Рингишпил и забавни работилници за деца, божиќни подароци, весела музика. Ноќевање.

3 ден: 11.12.2023 Виена
Појадок. Организирана прошетка низ центарот на Виена со придружник. Слободнo време за шопинг по познатата улица Mariahilferstrasse, посета на некое од виенските кафулиња и уживање во “melange” кафе и Сахер торта или посета на ресторан и можност да се проба “вистинската” виенска шницла и Пилснер пиво. Не го пропуштајте божиќниот базар! Ноќевање.

4 ден: 12.12.2023 Виена – Скопје
Појадок. Трансфер до Братислава. Полетување за Скопје во 12:30 и слетување во 14:00 часот.

Во цената е вклучено:
– Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје
– Аеродромски такси
– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
– Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот и обратно
– Сместување во “Club Hotel Cortina” 4* во Виена на база 3 ноќевања со појадок
– Разглед на Виена со локален водич според програмата
– Разглед на Братислава според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг  *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поѓање)
– Туристичка такса 740 денари (се плаќа во Агенција)
– Посета на Шенбрун 45 евра (трансфер, влезница, водич)
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
– Патничко – здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 9.500 денари

Напомени:
– Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета…
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
– Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!