ГРЦИЈА

СОЛУН | МЕТЕОРИ | ТРИКАЛА

Божиќно село Трикала – старата зграда од тули, изградена во 1884 година која била фабрика за производство на леб сега има друга намена. Истата зграда, сега само завиткана со црвена панделка е место каде се кажуваат божиќните и новогодишните желби. Зградата која се наоѓа во Божиќното село во грчкиот град Трикала е атракција како за младите така и за повозрасните посетители. Божиќното село е место каде што децата можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Исто така, постои забавен парк кој ке ги импресионира најмладите, но и возрасните. Забавата продолжува со лизгање на мраз, возење на возот Пирати експрес кој ќе ве понесе низ едно магично Божиќно доживување кое се памети целиот живот.

Tермин: 02.12.2023-03.12.2023                                                                                                       ЦЕНА: 3900 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 02.12.2023
Собирање на групата во 04:30 часот Кочани. Попатно собирање на патници Штип, Радовиш и Струмица. Пристигнување во Солун во 9 часот по локално време слободни 3 часа за разгледување на Солун. Можност за посета на црквата Св. Димитриј, посета на плоштадот Аристотел и познатата Бела Кула. Во 12 часот се собираме и се упатуваме кон Икеа слободни 2 часа за шопинг. Во 14ч по локално време за упатуваме кон Паралија каде се сместуваме во Хотел Викторија.Ноќевање.

2 ден: 03.12.2023

Појадок и одјавување од хотелот. По договорено време се упатуваме кон Метеори. Предвидена посета на Големиот метеор Св. преображени околу 1 час. Во 13ч. се собираме и се упатуваме кон Божиќното село Трикала. Слободно време за уживање и разгледување на убавините на божиќното село. Во 18ч. по локално време собирање на групата и се упатуваме кон Македонија. Предвидено време на пристигнување е 00:00 во Кочани.

 

Во цената е вклучено:
– Превоз до наведената релација
– Посета на Солун
– Шопинг во Икеа, Космос ..
– 1 Ноќевање со појадок во Хотел *** Викториа Паралија
– Посета на Метеорите
– Посета на Божиќното село Трикала
– Пратител за време на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Индивидуални трошоци
– Патничко осигурување
– Влез во манастирот на Метеори – 3€

Попусти: 
– Деца до 1,99 год. ГРАТИС (без седиште)
– Деца од 2 до 4,99 год. 3200 ден.
– Деца од 5 до 10 год. 3500 ден.

Места на поаѓање:
– Виница 
– Koчани
– Штип
– Радовиш
– Струмица

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 3 ден пред да започне истото.
– Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
– Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
– Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2- 

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!