италија

РИМ

Сите патишта водат кон Рим, е позната изрека, но и добар предлог за вашата следна Европска метропола… Историјата на Рим е богата и бурна, почнувајќи од приказната за за Ромул и Рем и како e создаден овој град на 7 ридови, градот има повеќе од 900 цркви… Пантеон бил најголемиот црковен храм сè до средината на 15, а главно седиште на папата била црквата Свети Јован Латеран… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, со базиликата на Свети Петар и музеите во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело, Фонтана Ди Треви, Шпанските скали…         

 

Термин: 09.12-12.12.2023                                                                                                     ЦЕНА: 529€ / 32.800 ден.
                                                Цена за рана уплата до 15.11:  459€ / 28.460 мкд
                                                         Попуст -23% за уплата до 11.11.2023

ПРОГРАМА:

1 ден: 09.12.2023 Скопје-Рим
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 10.30 часот. Лет за Рим во 12.35 часот. Слетување во Рим во 14.20 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Фиумичино, од каде започнува приказната за Вечниот град, во придружба на локален водич, започнува панорамското разгледување на знаменитостите на Рим (2 часа): Аурелијански ѕидини, Св. Јован Латерански, Порта Маџоре, Св Петар и Павле, Каракалини терми, кејот на Тибар, замокот Ст.Анџело, Св.Петар, Св.Павле надвор од ѕидини, плоштадот Дел Попопло… Сместување во хотел. Во вечерните часови, придружувани од водичот на групата, посета на плоштадот Навона каде ќе ја доживеете маѓијата на Божиќниот базар. Прекрасна прилика да се ужива во културата на италијаните, пица, паста, вино, кафе… Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

 

2 ден: 10.12.2023 Рим-Ватикан
Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар…. Слободно попладне за ручек. Организирана прошетка низ центарот на Рим, најпрепознатливите одбележја на градот, локации кои мора да се посетат во РИМ, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање… а веднаш потоа “дневна соба на градот” или Шпанските скали. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

 

3 ден: 11.12.2023 Рим-Колосеум и Римските форуми
Појадок. Препорачуваме (факултативно) – Анчки Рим – со влез во Римските форуми и Колосеум, со локален водич – Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција… Пауза за руек. Во попладневните часови посета Пантеон, каде во околните ресторанчиња владее роматична атмосфера, мириса на прекрасна храна и се пие популарниот апреол. Во вечерните часови појвторо посета на плоштадот Навона, Нептиновата фонтана и фонтаната на Четирите реки. Враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

 

4 ден: 12.12.2023 Рим-Скопје

Појадок. Слободно време за прошетки. Организиран трансфер (околу 11.30 часот) до аеродром. Полетување за Скопје во 14:55 часот. Пристигнување во Скопје во 16.40 часот.

 

Во цената е вклучено:
– Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер
– Аеродромски такси
– Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел 3* ( локација на Термини) на база ноќевања со појадок
– Организиран панорамски разглед на Рим и пешачки разглед на Рим
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса 1.390 мкд (се плаќа во агенција)
– Доплата за багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг, *цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање
– Карти за локален превоз (метро)
– Патничко – здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 4.700 мкд

Факулттивни излети:
– Посета на Ватикан со локален водич и влезница (задолжително пријавување и уплата во агенција) 60 евра
– Посета на Римските форуми и Колосеум со локален водич и влезница (задолжително пријавување и уплата во агенција) 60 евра

 

Напомени:
– Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета…
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
– Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

 

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!