франција

ПАРИЗ

Град на светлината е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ќе го направат Вашиот престој во овој град незаборавен.

Термин: 08.12-11.12.2023                                                                                                 ЦЕНА: 599 еур / 37.140 ден.

                                              Цена за рана уплата до 15.11: 549 еур / 34.040 ден.
                                                          Попуст -10% за уплата до 11.11.2023

ПРОГРАМА:

1 ден: 08.12.2023 Скопје – Париз – Лувр
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.30 часот. Полетување за Париз во 06.20 и пристигнување во Париз во 09.20 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург… Сместување во хотел. Попладне, посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите… Можност за прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Одиме до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Слободна вечер. Ноќевање. 

2 ден: 09.12.2023 Париз – Версај
Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило…. Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од вториотот кат (со метро). Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Слободно попладне или можност за посета на Катедралата Нотр Дам во најстариот дел од Париз. Продолжуваме до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање. 

3 ден: 10.12.2023 Париз – Дизниленд
Појадок. Можност за факултативна посета (превоз со брз воз) до забавениот парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици…Или слободно време за прошетки низ Париз. Ноќевање.  

4 ден: 11.12.2023 Париз – Скопје
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 10.05,  пристигнување во 12.45 часот.

Во цената е вклучено:
– Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
– Аеродромски такси
– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
– Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во Хотел 3* IBIS DEFENSE во Париз на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Париз
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Дополнителен багаж: кабинска торба 10кг (55 x 40 x 23 cm) , чекиран куфер до 10кг или чекиран куфер 20кг – цените на куферите ќе ги добиете во агенција.
– Туристичка такса 750 мкд – се плаќа во агенција
– Карти за јавен превоз (метро)
– Патничко-здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 10.980 мкд

Факултативни излети:
Версај
(вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич, трансфер)
– возрасни 80 евра
– деца до 18 години 62 евра (задолжително резервација во агенција)

Лувр (вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич)
– возрасни 62 евра
– деца и младинци до 18 години 44 евра (задолжително резервација во агенција)

Ајфелова Кула до 2кат (само влезница, без резервација, се плаќа на лице место)
– возрасни 20 евра
-младиници до 24години 10 евра
– деца до 11години 5 евра.

Крстарење по Сена
– возрасни 20 евра
– деца до 12 години 15 евра

Дизниленд (само влезница)
– возрасни 105 евра
– деца 3 – 11 години 95 евра (задолжително резервација во агенција)
– трансферот со брз воз RER е околу 10 евра во правец.

Напомени:
– Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби.
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
– Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.


– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!