Азурен брег

Ница | Кан | Антиб | Сен Тропе Монако | Монте Карло | Парфимерија Фрагонард

Азурен брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата. Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни објекти за игри на среќа. 

Термин: 28.12.2023 – 02.01.2024                                                                                        ЦЕНА: 329 € / 20.400 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 28.12.2023 Скопје
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

 

2 ден: 29.12.2023 Кан
Пристигнување во Кан во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за краток одмор. Ве водиме на прошека низ стариот дел на Кан: прекрасна прошетка по Кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажетик, филмската палата, плазата на фотомоделите, стариот град со тврдината… Ноќевање.

3 ден: 30.12.2023 Кан – Сен Топе
Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien. Во попладневните часови враќање во Кан. Ноќевање.

 

4 ден: 31.12.2023 Кан – Антиб – Ница – Монте Карло
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и кралицата на ривиерата Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, можност за посета на музејот кој е единствен музеј на светот посветен на еден уметник уште во текот на неговиот живот( влезница 10€)… потоа продолжуваме со посета на Ница… Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Слободно време за прошетки и ручек. Враќање во Кан. Слободно време за одмор. Препорачуваме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет… единствено доживување. Враќање во Кан во ноќните часови. Ноќевање.

 

5 ден: 01.01.2024 Кан – Монако – Скопје
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето…Препорачуваме посета на Океанографскиот музеј и аквариум во Монако кој филијала на Институтот во Париз и е единствен од тој вид во светот.( влезница 20€). Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

 

6 ден: 02.01.2024 Скопје
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
– Сместување во хотел Ibis Styles Cannes Le Cannet 3*,во центарот на Кан, и
– Сместување во хотел Hotel Amarante 4*,во центарот на Кан,
– Разглед на Кан
– Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување
– Новогодишна посета на Монте Карло (30€)
– Посета на Ст. Тропе (40€)
– Задолжителна посета на Монако и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (30€)
– Посета на Ница и Антиб (50€)

*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег – 140€

– Туристичка такса во Кан (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
– Влезници за културно историски споменици, музеи
– Билети за јавен превоз
– Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
– Доплата за избор на седиште 20€
– Доплата за празно седиште – 150€

 

Напомени:
– За реализција на ова патување, потребен е минимум од 45 патници
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила
– Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2/

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!