грција

АТИНА

Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Таа е еден од главните светски центри за архиолошки истражувања. 

Термин: 29.12.2023 – 02.01.2024                                                                                          ЦЕНА: 179 € / 11.100 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 29.12.2023 СКОПЈЕ –АТИНА
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2 ден: 30.12.2023 АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден: 31.12.2023 АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Враќање во хотел. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол…  Вечерта дочек на Нова година на еден од Атинските плоштади. Ноќевање.

4 ден: 01.01.2024 АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ
Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место  Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден: 02.01.2024 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус
– Сместување на база  2 НП во хотел 3*
– Организација на аранжманот и пратител на групата

Во цената не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување
– Разглед на градот: 15€
– Факултативна посета на Пелопонез: 50€
– Вечера во Таверна: 45€
– Задолжителна посета на Пиреја и Сунион: 30€
– Влезници за локалитетите и други факултативни посети
– Туристичка такса по лице на ден: 2€
– Доплата за еднокреветна соба: 3.100 ден
– Доплата за избор на седиште во автобус (задолжителна резервација при уплата): 20€
– Доплата за празно седиште: 150€

Напомени:
– За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила
– Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање

 

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!