БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

САРАЕВО |  МОСТАР | ВИШЕГРАД | ДРВЕНГРАД

Термин: 07.03-10.03.2024                                                                                                 ЦЕНА: 109 еур / 6.760 ден.

Цена за рана уплата: 89 еур / 5.520 ден

ПРОГРАМА:

1 ден: (четврток) 07.03.2024 Македонија – Сараево
Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

2 ден: (петок) 08.03.2024 – Сараево
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант,  улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел и краток одмор. Од 20 часот следи факултативна свечена вечера или слободно време. Ноќевање.

3 ден: (сабота) 09.03.2024 Сараево – Мостар – Сараево
По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со локален водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Ноќевање. Слободно време. Ноќевање.

4 ден: (недела)10.03.2024 Сараево – Вишеград – Дрвенград – Македонија
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград и факултативно крстарење со брод по реката Дрина. Посета на симболо на градот, мостот иѕграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ “Мостот на Дрина”. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвенград изграден по идеја на Емир Костурица. Слободно време. Вераќање кон Македонја со попатни паузи. Пристигнување во Македонија. 

Во цената е вклучено:
– Aвтобуски превоз на дадената релација
– Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
– Разгледување на Сараево со локален водич
– Придружник на групата
– Посета на Вишеград

Во цената не е вклучено:
– Здравствено патничко осигурување (задолжително)
– Целодневна факултативна посета на: Јабланица (Мостот на Неретва) и Мостар – 30 евра
– Влезници за културно-историските споменици
– Крстарење по Дрина – 10 eвра
– Разглед и посета на Дрвенград –  5 евра
– Туристичка такса – 200 денари

Напомени:
– За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
– Нема намалување на цената за сопствен превоз
– ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
– Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

 

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!