унгарија

БУДИМПЕШТА | ВИЕНА

Термин: 07.03-10.03.2024                                                                                                 ЦЕНА: 159 еур / 9.860 ден
                                                     Цена за рана уплата: 139 еур / 8.620 ден
ПРОГРАМА:

1 ден: 07.03.2024: Струмица – Скопје – Белград – Будимпешта
Тргнување од Кочани пред туристичката агенција во 13:00 часот. Попатно застанување во Штип, Велес и Скопје. Се упатуваме кон Будимпешта со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.

2 ден: 08.03.2024 Будимпешта
Пристигнуваме во утринските часови во Будимпешта. Унгарската престолнина е една од највеличенствените и прекрасни европски дестинации. Градот е како мост помеѓу Источна и Западна Европа. Расположена е на реката Дунав опкружена со природна убавина и чудесна архитектура. Будимпешта може да го задоволи секој различен вкус на туристите. Обиколката на Будимпешта со автобус ќе Ви овозможи да се соживеете со долгата и бурна историја на градот, како и мостовите на реката Дунав, Плоштадот на хероите, Рибарските кули, Будаиската тврдина, Св. Гелерт и Парламентот кои се едни од најстарите законодателни згради во цела Европа спомениците на Св. Иван и Св. Троица, Црквата Св. Матијаш. Сместување во хотел. Слободно индивидуално време. Факлутативно крстарење по  Дунав околу 19:00 часот (15 еур со вклучен локален водич). Ноќевање.

3 ден: 09.03.2024 Будимпешта – Виена ( факултативно )

Појадок. Во 08:00 се упатуваме кон главниот град на Австрија – Виена со попатно застанување во Outlet Shopping Center  – Parndorf. Виена е еден од најпрекрасните градови не само во Европа, туку и во целиот свет, кој датира уште многу години пред архитектурата на стариот континент. Овде е местото каде владее стилот „Сецесион“. Обиколката на градот Виена со автобус и локален водич ќе ви овозможи да уживате во сите знаменитости на величенствената австриска престолнина. Бескрајно впечатливо во овој град се светилките низ градот кои го прават магичен центарот на градот. Прошетка по Ринговата улица, која ќе ни овозможи да ги видиме Операта, Парламентот, статуата на генерал Радецки, Вотрив Кирхе, Бургартен со споменикот на Моцарт, Дворецот Белведере, Природно-научни и историски музеи. Поаѓање за Будимпешта во попладневните часови  Ноќевање.

4 ден: 10.03.2024 Будимпешта – Сент Андреа
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и упатување во факултативна посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Слободно време за индивидуални активности.  После посетата на Сент Андреа, се упатуваме во посета на еден од најголемите шопинг центри – Арена Плаза. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности.

5 ден: 14.10.2024 Македонија
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички авотбуси
– 2 ноќевања со појадок во – хотел 3*
– Разглед на Будимпешта со локален водич
– Придружник од туристичката агенција за време на патувањето


Во цената не е вклучено:
– Крстарење по реката Дунав – 20 евра
– Посета на Виена со локален водич – 35 евра
– Посета на Сент Андреа – 20 евра
– Патничко и здравстевно осигурување 250 денари


РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца.

Напомени:
– За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
– Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
– За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање.
– Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
– Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!