турција
ИСТАНБУЛ
Термин: 10.04-13.04.2026 ЦЕНА: 119 еур / 7.378 ден.
ПРОГРАМА:
1 ден: 10.04.2026
Место на поаѓање ( Скопје ) – паркинг при хотел Русија – општина Аеродром, во договорено време. Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во текот на целокупното викенд патување. Предвидено пристигнување во раните утрински часови.
2 ден: 11.04.2026
Пристигнување на групата во Истанбул
Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.
Check in во хотелот е после 14:00 часот
По самото пристигнување групата заедно со туристичкиот придружник го започнува своето патување,oдносно се упатуваат на пешачка тура, која вклучува посета на Капали Чаршија, Аја Софија и Сината Џамија. (влегувањето во џамиите е индивидуално).
По завршување на пешачката тура, следува check in на групата во хотелот,и простор за одмор.
Во договорено време, групата заедно со водичот се упатува кон посета на Балат и Таксим.
Балат
Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.
По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Областа Таксим
Турата завршува со посета на областа “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истиклал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња.
Ноќевање
3 ден: 12.04.2026
Појадок.
По појадокот денот се започнува со крстарење по Босфор почнувајќи од Европскиот дел па се до Азискиот дел на градот.
Крстарење по Босфор
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.
Палатата Ќучуксу
Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.
Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.
Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.
Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.
Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.
Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.
Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.
Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.
Чамлиџа-џамија
Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии во Истанбул.
Пауза за уживање и фотографирање.
Враќање кон хотел.
Ноќевање.
4 ден: 13.04.2026
Појадок.
По појадокот следи check out од хотелот. По завршување со одјавување од хотелот,групата заедно со водичот се упатува кон посета на фабриката при која има и сопствена продавница за слатки работи ,,КОСКА” каде ќе има можност секој од групата да си направи шопинг на слатки работи. Од Истанбул не си заминувајте без: турски локум, тазе мелено турско кафе, баклави, алва и други благи специјалитети.
По посетата на фабриката ,,КОСКА” , групата се упатува кон посета на трговскиот центар: Outlet 212.
Во договор со водичот , следува слободно време за одмор и шопинг.
Во договорено време, во попладневните часови по турско локално време следува враќање кон Македонија.
Пристигнување во Македонија после полноќ.
Во цената е вклучено:
– Две ноќевања и појадок во Хотел 3* во Аксарај & Лалели
– Автобуски превоз
– Туристичка такса
– Лиценциран туристички придружник
– Посета на Капали Чаршија
– Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “
– Посета на аутлет трговски центар ,, 212 “
– Превоз Скопје,Велес,Неготино,Гевгелија,Штип,Струмица,Прилеп и Битола
Во цената не е вклучено:
– Патничко осигурување
– Индивидуални трошоци
– Факултативни излети
Напомени:
– Сместување во хотел со 3* или 2*со вклучен појадок на база на шведска маса. Хотелите се наоѓаат во населбите Аксарај и Лалели на само 15 – 20 минути пешачење од Капали Чаршија. Патниците се известуваат за хотелот 2 дена пред поаѓање.
– ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ ( ДОЗВОЛЕНО Е ПАТУВАЊЕ САМО СО ПАСОШИ НА Р.С.МАКЕДОНИЈА). Воедно пасошот не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
– За сингл соба се доплатуваат 30 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
– Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
– Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
– Дете до 11.99 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 50% од сумата на аранжманот – 70 евра
– Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
– Резервации за одреден кат или страна не е можна.
– Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
– Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци. Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија.
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2
