Грција

КАВАЛА

Термин: 10.04-13.04.2026                                                                                                ЦЕНА: 209 еур / 12.960 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 10.04.2026
04.00 часот заминување на групата од Скопје и во 05:45 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции) кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Организиран разглед на градот со локален туристички водич, а потоа сместување на групата во хотел „Oceanis“ 3*** (https://www.oceaniskavala.gr/), лоциран во строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето. Во попладневните часови индивидуални прошетки кон стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик – стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Ноќевање.

2 ден: 11.04.2026
Појадок. Слободен ден за уживање покрај море. Целиот град живее во празнична атмосфера, а овој голем празник за православните христијани во Грција се слави на посебен начин – на овие простори се оживуваат обичаите и традициите кои му даваат посебно значење. И покрај тоа што распнувањето на Бога е најтажниот ден за сите христијани, сепак Велигден се смета за најрадосен христијански празник после Божиќ. Во вечерните часови верниците можат да присуствуваат на верските обичаи во црквата „Свети Никола“ во центарот на градот. Ноќевање.

3 ден: 12.04.2026
Појадок. Заминување на групата кон пристаништето Керамоти на целодневен излет на островот Тасос. Следи четириесетминутно патување со фериброд, а по пристигнувањето во Лименас, главниот град на Тасос, патувањето продолжува кон женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“. Токму на големиот христијански празник Велигден ќе престојуваме во манастирот во кој се чува најсветата реликвија – клинец со кој Исус Христос бил распнат на крстот. По слободното време, заминување на групата кон Лименас, главниот град на Тасос. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во попладневните часови враќање со фериброд во Керамоти а потоа со автобус кон хотелот во Кавала. Ноќевање.

4 ден: 13.04.2026
Појадок. Во договореното време одјавување од хотелот и заминување на групата кон Солун. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во договореното време заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Во цената е вклучено:
– Превоз на дадената релација
– Три ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 3 ***
– Целодневен излет на островот Тасос со вклучен автобуски превоз и билет за  фериброд
– Посета на Солун
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса – 2,5 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)
– Доплата за еднокреветна соба – 60 евра (за три ноќевања)
– Деца до 2 години бесплатнодоколку немаат седиште во автобус и користат заеднички кревет со две возрасни лица, деца од 2-11,99 години плаќаат 70% од цената-имаат седиште во автобус и дополнителен кревет

Напомени :
– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање. 

 

За реализација на аранжманот се потребени минимум од 35 патници за автобус!

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– Важат општите услови за патување на ТА Сафари
– Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!