босна и херцеговина
САРАЕВО | МОСТАР
Термин: 10.04-13.04.2026 ЦЕНА: 109 еур / 6.758 ден.
ПРОГРАМА:
1 ден 10.04.2026
Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
2 ден 11.04.2026
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел и краток одмор. Од 20 часот следи факултативна свечена вечера или слободно време. Ноќевање.
3ден 12.04.2026
По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во време поаѓање кон Сараево. Ноќевање. Слободно време. Ноќевање.
4 ден 13.04.2026
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со факултативно крстарење со брод на реката Дрина. Посета на симболот на мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеја на Емир Кустурица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Македонија
Во цената е вклучено:
– 2 ноќевања со појадок во хотел
– Разглед на Сараево со локален водич
– Туристички придружник за време на патувањето
– Посета на Вишеград и Андриќград
– Автобуски превоз Скопје и Куманово
Во цената не е вклучено:
– Патничко осигурување
– Крстарење по Дрина– 10 евра од лице
– Босански пакет ( Бункерот на Тито, Јабланица, Врело Буна, Мостар и Босанските пирамиди) 90евра
– Историски пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна и Мостар) 80 евра
– Ноќно Сараево -15евра од лице (задолжителна уплата во агенција)
– Туристичка такса– 2,50 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
– За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус
– Трансфер Гевгелија, Битола, Прилеп, Неготино, Велес и Штип – 10 евра по лицево правец
Попусти и доплати:
– Нема намалување на цената за сопствен превоз
– ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица.
Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица.
Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст
– За реализација на аенжманот потребен е минимум од 45 патници.
Напомени:
– Нема намалување а цената за сопствен превоз
– Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– Важат општите услови за патување на ТА Сафари
– Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2
