романија

БУКУРЕШТ | ТРАНСИЛВАНИЈА

Термин: 30.12-03.01.2026                                                                                                     ЦЕНА: 179 € / 11.098 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 30.12.2026
Собир на групата кај Хотел Русија и поаѓање за Романија во периодот 18 – 19 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор. и царински формалности.

2 ден : 31.12.2026 
Пристигнување во Букурешт во утринските часови и поаѓање на разглед на Букурешт со локален водич. Разгледот започнува со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање. Посета на ново отворената, најголема во светот Христијанска катедрала „Народен спас“.
Втората знаменитост за посета е Плоштадот на Револуцијата .Најубавиот плоштад во Романија кој е познат по важни историски моменти кои се случувале на него. Тука се наоѓа Кралската палата, Римскиот Атениум, Народниот музеј на уметности и црквата Кречулеску.
По кратко возење пристигнуваме кај една од најубавите и најстарите улици во Букурешт е Calea Vistorei или Авенија на победата. Изградена е уште во 1692 година, а денес е најмодерна и најексклузивна улица во градот.
Поаѓање кон хотел. Време за сместување, одмор и индивидуални активности.
Вечерта се придружуваме на атмосферата на еден од плоштадите во Букурешт да ја дочекаме Нова Година со огнено шоу.
Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: 01.01.2026 
Појадок. По појадокот се уплатуваме на факултативен излет на Трансливанија.Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.
Дворецот Пелеш кој е сместен близу гратчето Синаја во Романија, важи за еден од најубавите во Европа.Изграден во 19-ти век во нео-ренесансен стил, овој дворец служел како летна резиденција на романскиот крал Карол Први.Официјално отворен во 1883 година, тој се протега на површина од 3.200 метри квадратни. Внатрешноста е раскошно украсена со рачно насликани мурали, статуи, таписерии, мермер, порцелан и резби на дрво од орев.Денес дворецот е отворен музеј кој секој може да го посети и да се воодушевува на многуте колекции и прекрасни детали, освен во месецот ноември, наменет за одржување на замокот.
БРАН “домот на Дракула”Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.
Брашов – Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава.  Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.
Враќање во хотел во Букурешт во доцните часови. Ноќевање.

4 ден: 02.01.2026 
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон термалните бањи. Околу 10 часот факултативно заминување кон Термалните Бањи кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот.
Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за релаксација и опуштање. За патниците што нема да користат факултативен излет за Термалните бањи имаат слободно време во трговскиот центар. Поаѓање за Македонија околу 15:00ч. Очекувано пристигнување во Скопје после полноќ.

5 ден: 03.01.2026
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон термалните бањи.
Околу 10 часот факултативно заминување кон Термалните Бањи кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот.
Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за релаксација и опуштање.
За патниците што нема да користат факултативен излет за Термалните бањи имаат слободно време во трговскиот центар.
Поаѓање за Македонија околу 15:00ч.
Очекувано пристигнување во Скопје после полноќ.

Во цената е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во Hotel Ambiance 3* на база на 3 ноќевања со појадок
– Разглед на градот Букурешт солокален водич
– Организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Факултативен излет Трансилванија – Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула со вклучена влезница. Цена 70 евра за возрасни, 40 евра за деца до 11.99 години. (зафолжителна факултатива)
– Факултативна посета на Термални бањи во Букурешт (45 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
– Туристичка такса 7.5 евра по лице се плаќа во автобус
– Трансфер по градови – Струмица, Штип, Велес, Неготино, Гевгелија, Прилеп, Битола – 10 евра по лице во правец
– Задолжителна уплата во канцеларија за депозит за факултативен излет Трансилванија во износ од 15е поради навремено пријавување на број на влезници

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– Доплата за еднокреветна соба 60 евра
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
– Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација
– Деца до 11,99 доколку се придружувани со 2 возрасни лица плаќаат 50% од редовната цена на аранжманот

 

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!