црна гора

БУДВА | ДУБРОВНИК | ТИВАТ | ПОРТО МОНТЕНЕГРО | ПЕРАСТ | КОТОР

Tермин: 30.12.2025-02.01.2026                                                                                           Цена: 185€ / 11.470 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 30.12.2025
Поаѓање кон Будва во 22.00 часот од Штип- паркингот пред Новата Пошта, во 22.45 во Куманово- Макпетрол бензинска, 23:15 часот од Скопје пред хотел Континентал. Ноќно возење преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден: 31.12.2025
Пристигнување во утринските часови во Будва. Попатна пауза и можност за фотографирање со поглед на едно од најлуксузните летувалишта на Јадранот- Св. Стефан. Будва е еден од најстарите градови на Јадранот, со историја подолга од 2.500 години. Позната како „кралица на црногорскиот туризам“, нуди уникатен спој на антика, медитерански дух и модерен луксуз. Градот е сместен на самиот брег на Јадранското Море и плени со своите песочни и камени плажи, живописниот Стари Град и богатиот ноќен живот. Разглед на градот: прошетка низ тесните, камени улички на Стариот Град – утврдено јадро со венецијанска архитектура, како и Цитаделата – древна тврдина со прекрасен поглед на морето, Балерината статуа која што е заштитен знак на Будва, Црквата Свети Јован, Црквата Света Троица и Археолошкиот музеј. Сместување во Hotel & Resort Mediteran 4*. Слободно попладне за уживање во Луксузниот Wellness & Spa центар на хотелот- Голем затворен базен од 270 м², џакузи, сауна и релакс соба со тепидариум – место каде телото и умот се обновуваат. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ВО БУДВА. Ноќевање.

3 ден: 01.01.2026
Појадок. По појадокот, можност за факултативен излет до Дубровник, Тиват и Порто Монтенегро. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св. Влах – заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија, доколку дозволуваат временските услови следење на концертот на дубровачката филхармонија која секоја година има свој концерт. Поаѓање кон Тиват. Разглед и прошетка низ центарот на градот Тиват и луксузниот комплекс Порто Монтенегро, едно од најлуксузните пристаништа на Балканот. Враќање во хотелот. Слободно попладне за уживање во Wellness и Spa центарот на хотелот. ДОЧЕК НА ВТОРА НОВОГОДИШНА НОЌ ВО БУДВА. Ноќевање.

4 ден: 02.01.2026
Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативен излет до Пераст и Котор. Пераст е еден од скриените бисери на Црна Гора, кој наликува на мало парче Венеција што се спуштило по Јадранот и се закотвило на брегот на Которскиот залив. Овој живописен град, полн со историја и спомени од времињата кога бил богат и влијателен, се гордее со 16 цркви и 17 поранешни величенствени палати, кои сведочат за сјајот и културното наследство на овој крај. Во Пераст е отворен најлуксузниот хотел Heritage Grand Perast by Rixos 5*, сместен во поранешен венецијански дворец од 18-ти век. Овој хотел, како прв објект на брендот Rixos во Црна Гора, го нагласува луксузниот карактер на градот. Од Пераст се упатуваме со брод кон островот на кој се наоѓа манастирот Богородица на карпите (Gospa od Škrpjela), кој е еден од најфасцинантните и најпосетуваните историски локалитети во Бока Которска, Црна Гора. Оваа мала црква и нејзиниот музеј привлекуваат туристи со својата уникатна историја, уметничка вредност и живописна околина. По посетата на Пераст, се упатуваме кон Котор. Прошетка низ тесните улички исполнети со историја, посета на градските ѕидини, катедралата Св. Трифун, плоштадите, сувенирниците, галериите и локалните кафулиња. Слободно време за индивидуални активности и уживање во уникатната атмосфера на Которскиот залив. По посетата на Котор, заминување кон Македонија преку Албанија и Косово со попатни паузи. Ноќно возење.

5 ден: 03.01.2026
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

Во цената е вклучено:
– Превоз со туристички автoбус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел Mediteran Хотел & Ресорт 4*, Бечичи ( https://www.mediteran.me/en/ )
– Користење на Спа Центар
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Факултативна посета на Дубровник, Тиват и Порто Монтенегро – 30€ (мин. 30 патници за релацијата)
– Факултативна посета на Пераст (превоз со брод, влезница за цркавата Богородица на карпие, водич)
–  Котор (превоз) – 20€ (мин. 30 патници за реализација, се плаќа на лице место)
– Влезници за музеите и културно-историските споменици
– Патничко осигурување
– Туристичка такса по лице на ден – 1.5€ (се плаќа во агенција )

Напомени:
– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
– Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање за оние патници кој ќе одат во Дубровник.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!