грција
АТИНА
Термин: 30.12-03.01.2026 ЦЕНА: 189 € / 11.718 ден.
209 € / 12.958 ден.
*** ПРЕТПРОДАЖБА за уплати до 15.11.2025 *** ECONOMY пакет (превоз, сместување со појаок): 179 € / 11.098 ден.
STANDARD пакет (превоз, сместување со појадок, посета на Атина и Метеори): 189 € / 11.718 ден.
ПРОГРАМА:
1 ден: 30.12.2025
Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
2 ден: 31.12.2025
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака… Сместување во хотел. Слободно попладне Атина можност за индивидуално присуство на Новогодишната прослава на Атинскиот плоштад “Синтагма„ или пак факултативно – на Новогодишна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
3 ден: 01.01.2026
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина можност за факултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
4 ден: 02.01.2026
Појадок. Факултативен излет до островот Егина и посета на Манастирот Нектариј Егински. Испловување со траект кон островото Егина во Сароничкиот залив. На само 40мин од Пиреа островот Егина е еден од омилиените на Атињаните поради неговата богата историја, стариот шарм пристанишниот град од 19ти век, напуштените византиски капели, прекрасните заливи и вкусните ф’стаци. Посета на манастирот посветен на Свети Нектарие Егински. Разглед на целиот манастирски комплекс: гробот, неговиот дневен престој, неговите ракотворби, како и иконата на Пресвета Богородица … Враќање во Атина, слободно време за индивидулани активности. Ноќевање.
5 ден: 03.01.2026
Појадок. Напуштање на хотели и заминување од Атина кон Тесалија и градчето Каламбака. Во неговата непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Како изникнати во непрегледната рамнина се издигаат мноштвото високи камени карпи, врз чии врвови уште од средниот век христијанските монаси ги изградиле едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отоворените манастири, нивните цркви, музеи и сувенирниции, со несекојдневна можност за уживање и во прекрасните панорами. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Во цената е вклучено:
– Превоз со автобус на наведенаа релација
– 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Глифада
– Организиран разглед на градот со локален водич
– Организиран разглед на Метеори
– Организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
– Влезница Акропол
– Влезница за Микена и Епидаурус
– Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан
– Факултативна вечера во национален ресторан
– Влезници за музеи и културно – историски споменици
– Организиран разгледн на Арголида – Пелопонез – 35€
– Островот Егина – 35€
– Туристичка такса 5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
– Патничко осигурување
– Доплата за 1/1 соба – 73€
Напомени:
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2
