хрватска

ЗАГРЕБ | ЉУБЉАНА

Tермин: 06.12.2024                                                                                                        Цена:  229€ / 14.200 ден.
                                                                 За уплати до 10.11.2024 
                                                                      209€ / 12.960 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 06.12.2024 Скопје – Загреб 
Состанок со групата на паркингот пред поранешен хотел Бристол во 19.30 часот, тргнување во 20:00 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.

2 ден: 07.12.2024 Загреб 
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и празничната магија.
Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Ноќевање.

3 ден: 08.12.2024 Загреб – Љубљана – Загреб 
Појадок. Поаѓање за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Вечерта,  повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” – црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење. Ноќевање.

4 ден: 09.12.2024 Загреб – Скопје 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Попладне, поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

Во цената е вклучено:
– Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
– Сместување во хотел Aristos 3* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Загреб со локален водич
– Посета на Christmas market
– Посета на шопинг центар “Arena Centar”
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Посета на Љубљана – 50€
– Патничко осигурување
– Туристичка такса 400 ден. по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција)
– Доплата за еднокреветна соба 5500 ден.
– Доплата за избор на седиште во автобус – 10€
– Дете до 3 години гратис (без легло)
– Дете од 3-7 години (без легло, спие со родители) 6140 ден. за две ноќевања

Попусти: 
– Деца до 1,99 год. ГРАТИС (без седиште)
– Деца од 2 до 4,99 год. 3200 ден.
– Деца од 5 до 10 год. 3500 ден.

Напомени:
– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
– Пријавување за факултативните излети при резервација (за реализација е потребно минимум 30 патници).
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

 

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!