Австрија | Унгарија
ВИЕНА | БУДИМПЕШТА
Со богата култура, многубројни историски знаменитости и зачудувачка архитектура, Виена претставува исклучително наследство на познати музичари, уметници, поети и архитекти. Поставен на источните брегови на реката Дунав, главниот град на Австрија е полн со блескави палати, барокни замоци и збирка од музеи и споменици што треба да се истражуваат. Без разлика дали барате места за посета во еден или пак во повеќе денови, овој елегантен град нуди голем избор на туристички атракции.
Термин: 06.12-10.12.2024 ЦЕНА: 149 еур / 9240 ден.
ПРОГРАМА:
1 ден: 06.12.2024 Скопје / Струмица – Будимпешта
Поаѓање од Македонија во попладневните часови. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден: 07.12.2024 Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во предпладневните часови. Разглед на Будимпешта со локален туристички водич: Пешта – споменикот на Милениумот односно плоштадот на хероите, Градскиот парк, Операта, улицата Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата Св.Стефан, Будим – мостовите на Дунав, Цитаделата – Тврдината со кралските палати, Црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина. Сместување во хотел. Слобдоно време за индивидуални активности .Посета на Божиќниот маркет во Будимпеша. Ноќевање.
3 ден: 08.12.2024 Будимпешта – Виена – Будимпешта
Појадок. По појадокот факулатативна посета на Виена. Заеднички да откриеме зошто божиќниот маркет во Виена е толку магичен. Од средината на Ноември па се до Божиќ, најубавите плоштади во Виена се трансформираат во магични божиќни пазари. Низ воздухот се шири мирисот на божиќното печење, врелиот пунч и препечените бадеми, стариот град и трговските улици се украсени со празнични светилки кои ја шират божиќната магија во Виена. Разглед на градот со локален водич кој најдобро ке ни ја долови и историјата убавината на овој град: Плоштадот Рингштрасе, Палатата хофбурн, Парламентот Дворецот Белведере, Катедралата Св. Стефан. Слободно време низ центарот на Виена и Божикниот маркет на Ратхаусплац.Поаѓање за Будмипшта околу 19 часот. Ноќевање.
4 ден: 09.12.2024 Будимпешта
Појадок. Напуштање на хотелот и посета на шопинг центар Арена. По посетата слободно време за прошетка низ најпознатата улица во Будимпешта – Ваци, и Божиќниот маркет кој беше прогласен за најубав во 2020-та година. Божиќни подароци, украси од дрво, слатки, топли пијалоци, забава, работилници за деца и уште многу други работи може да ги видиме кога ќе го посетиме Божиќниот маркет во Будимпешта. Можност за факултативно крстарење со брод по Дунав. Во вечерните часови поаѓање за Македонија.
5 ден: 10.12.2024 Македонија
Пристигнување во Македонија во утринските часови.
Во цената е вклучено:
– Превоз со туристички автобус
– 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будимпешта
– Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк
Во цената не е вклучено:
– Разглед на Будимпешта со локален водич – 10 евра ( задолжителна – уплата во агенција)
– Факултативно крстарење со брод по Дунав – 20 евра ( мин. 25 лица за реализација, пријавување и уплата во агенција)
– Факулативна посета на Виена ( превоз +локален водич ) – 45 евра ( мин. 35 лица за реализација, пријавување и уплата во агенција)
– Патничко осигурување (задолжително)
– Влезници за културно-историски споменици
Напомени:
– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
Рок на пријавување до 20.11.2024
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2