чешка

ПРАГА | ДРЕЗДЕН | БРАТИСЛАВА
Термин: 05.12-08.12.2025                                                                                                     ЦЕНА: 159 € / 9.860 ден.
                                                                   ПРОМО ЦЕНА до 05.11.2025: 149 € / 9.240 ден. 
                                                                                                                     
ПРОГРАМА:

1 ден: 05.12.2025 Македонија
Поаѓање на групата од Македонија. Се упатуваме кон Прага, ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден: 06.12.2025 Прага
Очекувано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно време за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден: 07.12.2025 Дрезден
Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по Втората светска војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да Ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. . . Предлагаме крстарење по Влтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: 08.12.2025 Прага – Братислава
Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава, Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки и поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ден: 09.12.2025 Македонија 
Пристигнување во Македонија во утринските часови.

Во цената е вклучено:
– 2 ноќевања во хотел 3* со појадок
– Автобуски превоз на дадената релација
– Посета на Братислава
– Организација и водство на програмата
– Организиран превоз од: Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница

Во цената не е вклучено:
– Разглед на Прага со водич – 15 евра
– Крстарење по реката Влтава – 20 евра
– Посета на Дрезден – 30 евра
– Задолжително патничко осигурување
– Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
– Индивидуални трошоци

*Пакет сите факултативи 60 евра

Попусти и доплати:
– Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
– Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
– За резервација потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот

Напомена за распоред на седење во автобус:
– Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

Напомени:
– Т.А. Сафари го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
– За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници, и важат општите услови на патување на СКТМ и ТА Сафари.
– За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање.
– Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
– Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.
– Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. – Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– Важат општите услови за патување на ТА Сафари
– Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!