италија
ТОСКАНА
Термин: 06.03.2026-09.03.2026 ЦЕНА: Arcadia Guest House 499 еур / 30.940 ден.
Hotel Arcadia 3* 529 еур / 32.800 ден.
Цени за уплата до 31.01.2024
Arcadia Guest House 449 еур / 27.840 ден.
Hotel Arcadia 3* 479 еур / 97.700 ден.
ПРОГРАМА:
1 ден: 06.03.2026 Скопје – Болоња – Фиренца
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 17.00 часот. Авионот за Болоња на Визер полетува во 18.55 часот. Слетување во Болоња во 20.45 часот. Трансфер до Фиренца и сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден: 07.03.2026 Фиренца – Пиза
Појадок. Разглед на градот со водич: плоштадот Санта Марија Новела, Базиликата Сан Лоренцо, дворецот Медичи-Рикарди, Катедралата Дуомо – вистинско ремек дело на ренесансната архитектура и главна туристичка атракција на Тоскана, Плоштадот Сињорија, палатата Пити, Понте Векио најстариот сочуван средновековен мост на реката Арно-покриен и распослан со златарници и продавници за сувенири.. Слободно време за посета на Галеријата Уфици, една од најголемите и најстарите во светот, која содржи голем број бесценети ликовни дела од ренесансата и други периоди, посета на трговскиот центар Mercato Centrale или пак да седнете на ручек во ресторан на некој плоштад, да пробате традиционален Фирентонски стек и да се засладите со десертно вино во кое ќе натопувате cantuccini- класични тоскански колачи со бадеми.
Факултативен излет до Пиза, дом на познатиот математичар и физичар Галилео Галилеј. Најголемата атракција во Пиза е секако полето на чудата каде се наоѓаат: катедралата (Cattedrale di Pisa), гробиштата на Светците (Campo Santo) и кривата кула од Пиза (Torre di Pisa) висока 56 метри – всушност камбанаријата на катедралата, која иако било планирано да стои вертикално, поради лошите темели и слабата почва, се накривила. Со својата светски прочуена накривеност, кулата привлекува стотици илјади туристи годишно. Ноќевање.
3 ден: 08.03.2026 Фиренца – Сиена – Сан Џимињано – Винарија
Појадок. Целодневен излет во живописните предели на областа Кјанти, светски познати по производството на врвни вина. Пристигнување во Сиена. Главна карактеристика на градот е нејзиниот средновековен изглед, што ја прави магична и посебна, горд сопственик на еден од најубавите европски средновековни плоштади Ил Кампо, направен во облик на школка, а опкружен со палати на богати семејства од Сиена (palazzi signorili). Во целиот свет познат по својата уникатна архитектура и традиција за најголемата забава со луди коњски трки Палио, која се одржува два пати годишно. Разглед на градот: Катедралата Сиена, Палатата Публико, кулата Мангија… Патувањето продолжува кон Сан Џимињано, типично тосканско гратче опкружено со винови насади и маслинови градини. Градот е познат и по белото вино Vernaccia di San Gimignano, кое се добива само од винови лози кои растат во околината и најдобриот сладолед во светот што можете да го најдете во Gelateria Dondoli. Потоа, посета на винарија – дегустација на вина, закуски и можност да се купи маслиново масло и вино по пристапна цена. Враќање во Фиренца. Ноќевање.
4 ден: 09.03.2026 Фиренца – Болоња – Скопје
Појадок. Прошетка во главниот град и срцето на регионот Тоскана – Фиренца, еден од најпосетените градови во светот кој за италијаните, но и за целиот западен свет има огромно историско, културно, образовно и уметничко значење. Овој град се смета и за колевка на ренесансата, во него живееле и создавале многу уметници од XV и XVI век: Брунолески, Ботичели, Рафаел, Леонардо, Микеланџело..
Трансфер до Болоња. Во Италија се вели дека Болоња е „la dotta, la rossa e la grassa“, што би значело „црвена, учена и дебела“. “Црвена“ поради бојата на циглите на зградите и улиците, “учена“ односно образована, во чест на нејзиниот универзитет прв во Европа и “дебела“ поради неодоливите гастрономски производи. Прошетка во градот: плоштадот Маџоре, Катедралата Св. Петар најпознатата и најграндиозна црква во Болоња, фонтаната на Нептун, двете кули Garisenda и Asinelli кои претставуваат симбол на градот..
Трансфер до аеродромот во Болоња. Летот кон Скопје е во 21.20 часот. Пристигнување во 23.05 часот.
Во цената е вклучено:
– 3 ноќевања со појадок во Hotel Arcadia 3* i Arcadia Guest House во центарот на Фиренца
– Авионски превоз на релаија Скопје-Болоња-Скопје
– Оганизиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
– Рачен багаж со димензии 40x30x20 10кг
– Посета на Болоња
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
– Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 50€
– Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) и вечерна посета на Пиза – 50€
– Посета на Фиренца – 30€
– Туристичка такса во хотел во Монтекатини на ден полице – 3€
– Патничко здравствено осигурување
– Индивидуални трошоци (влезници за објекти…)
– Специјален пакет на факултативи со 10 евра попуст (наместо 130 евра) по цена од 120 евра по лице – ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА
Попусти и доплати:
– Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
– Нема намалување на цената за сопствен превоз
– ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
– Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.
РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
– Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2
