соединети арабски емирати

ДУБАИ

Термин: 05.03-11.03.2026                                                                                                ЦЕНА: 879 еур / 54.500 ден.

Цена за рана уплата до 31.01.2026: 829 € / 51.400 ден.

ПРОГРАМА:

1 Ден: 5. Март – СКОПЈЕ-ДУБАИ
Состанок на групата во Скопје во 15.00 часот. Полетување во 17.00 и пристигнување во Истанбул во 20.25. Полетување за Шарџа во 22.55 часот и пристигнување во 04.15 (локално време). Организиран трансфер (40km) до хотелот во Дубаи.

2 Ден: 6-10. Март – ДУБАИ
Сместување во хотел. Појадок. Целодневен разглед на Дубаи со локален водич на македонски јазик. (ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНА) Во текот на оваа екскурзија следува запознавање со фасцинантната приказна за издигнувањето на Дубаи од суровите пустински услови во еден модерен, луксузен свет со јасна визија за иднината.
На патот кон стариот дел на градот, ќе се види: Музејот на Иднината (фото стоп) (Museum Of The Future), Златната рамка на Дубаи (фото стоп) (Frame Dubai).
Посета на стариот дел на градот: пазарите за зачини, злато и текстил, возење со традиционална абра преку стариот канал (вклучено во цената), средба со најголемиот златен прстен на светот направен од 24каратно злато со огромен дијамант.
Разгледувањето  продолжува со посета на: Souk Madinat, Jumeirah Madinat или  Малата Арапска Венеција со поглед на  луксузниот хотел Burj Al Arab.
А од популарниот панорамски видиковец на Палмата: The View At The Palm (влезницата од 26 евра е вклучена во цената) ќе може да се види: Приватниот остров на Шеикот на Дубаи и Островите “Свет“.
Се продолжува  кон Marina The Walk и зградата Cayan или Infinity –  една од најпопуларните на оваа локација и кратка посета/фото стоп на локацијата Bluewaters, многу познато место во новиот дел на Дубаи; На оваа локација  има можност да се видат:  Ain Dubai, JBR  и музејот на восочни фигури Мадам Тисо.
Вечерна прошетка во Дубаи: Посета на раскошниот  Дубаи Мол, со локален водич каде што следува посета на : Бурџ Калифа (Burj Khalifa) – највисоката кула на светот, Фонтаната Дубаи (Dubai Fountain), Дубајската Опера (Dubai Opera), Модерниот безистен (souk) – Souk Al Bahar, Бурџ Калифа парк (Burj Khalifa Park), Авенијата на Глуварчето (Dandrellion Light Sculpture@ Dubai Mall), Мексичките крилја (Wings of Mexico), Хотелот Палас (Palace Downtown). Индивидуално враќање назад во хотелот во Дубаи. Ноќевање.  

3 Ден: 11.Март – ДУБАИ-СКОПЈЕ
Појадок (breakfast box). Организиран трансфер до аеродромот во Шарџа. Авионот кон Скопје преку Истанбул полетува во 07.20 часот. Авионот во Скопје слетува во 15.45 часот.

Во цената е вклучено:
– Авионски превоз: Скопје – Шарџа- Скопје со Пегасус
– Аеродромски такси
– Рачен багаж со димензии 55х40х20 до 8кг и чекиран багаж до 20кг
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел Citymax Hotel Al Barsha At The Mall на база 6 ноќевања со појадок во Дубаи
   (лоциран веднаш до Mall of Emirates)
– Локален водич за реализација на излетите
– Целодневен разглед на Дубаи со вклучена влезница од 26 евра ѕа The View A The Palm, трансфер во два правци и водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса (се плаќа во хотелот)
– Патничко – здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 11.000 днари

Факултативни излети:
– Посета на Пустинско сафари – 65 еур ( вклучен трансфер, вечера, беѕалкохолно пијалоци, водич)
– Посета на Burj Khalifa на 124 спрат – 60 евра
– Посета на Miracle Garen и Global Village (трансфер, влезници, водич) – 70 евра
– Целодневна екскурзија Абу Даби (трансфер, водич на македноски јазик) – 80 евра
– Крстарење по Дубаи Марина (трансфер, вклучена вечера, безалкохолни пијалоци, водич)- 65 евра

Напомени:
– Цените се по лице за сместување во двокреветни соби. Трокреветните соби се на барање.
– Дете од 2 до 5 год. добива 225 евра попуст (без доплнително легло).
– Дете од 5 до 12 год. добива 130 евра попуст (без легло)
– Доколку детето спие на дополнително легло плакја пола цена
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
– За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
– Целосна доплата на аражманот е 15 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
– Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ..
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
– Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2a

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!