шпанија
МАДРИД | ТОЛЕДО | СЕГОВИА
Термин: 30.12.2025-03.01.2026 ЦЕНА: 599 € / 37.138 ден.
ПРОГРАМА:
1 ден: 30.12.2025
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:05 часот. Полетување кон Мадрид во 16:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во 20:00 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден : 31.12.2025
Појадок. После појадокот се упатуваме на панорамско разгледување на градот.
Во модерниот дел од градот ќе ги видиме : 5те кули и останатите облакодери и споменици во Paseo de la Castellana како и стадионот Santiago Bernabeu, потоа Korida Ventas, плоштад Kolumba, паркот Retiro, улицата Paseo de Prado каде што се наоѓаат многубројните музеи, египетскиот храм Debot и поминување низ улицата Gran Via.
По завршување на панорамскиот разглед следува слободно време. Во вечерните часови дочек на Нова Година на плоштад. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден: 01.01.2026
Појадок. За денешниот ден преднвидена е факултативна посета на Толедо, регион познат по своите жолти пченични полиња, осамени замоци, ветерници и родното место на Дон Кихот. По едночасовно возење, пристигнуваме во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја, изграден на рид.
Панорама од гледна точка на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ стариот град, карактеризиран со бројни згради кои се меѓу најубавите примери на мавританска и средновековна архитектура во Шпанија, но и град познат по производството на марципан.
Обиколка на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV век, обиколка на олтарот и ризницата каде што се наоѓаат платната и апостолатите на Ел Греко. Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање.
4 ден: 02.01.2026
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативно патување до Сеговија.Сеговија се наоѓа во регионот Кастиља и Леон, на околу 180 км од Мадрид.
Главни карактеристики на градот се најдобро зачуваниот римски аквадукт, катедралата и замокот, за што Сеговија е вклучена во листата на светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.
Карактеристичната панорама на овој град, чии згради се направени од теракота и варовник, се наоѓа на ридовите на Кастиља што ја опкружуваат Сиера де Гвадарама.
Обиколка на стариот дел од градот: Плаза Мајор, панорама на катедралата, Трг Св. Мартина, благороднички кварт со палати и цркви.
Обиколка на замокот Алказар и пауза за индивидуална обиколка и прошетка.
Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање.
5 ден: 03.01.2026
Појадок. Оставање на багажот во хотелот. Слободен ден за индивидуални активности како посета на трговската улица Gran Via или главниот парк на градот, Ретиро, каде се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII и две прекрасни палати, Palacio de Velasquez и Palacio de Cristal (Кристална палата). Индивидуално враќање во хотел.
Организиран трансфер до аеродром.
Полетување во 20:45ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 00:15ч.
Во цената е вклучено:
– Директен лет Скопје – Мадрид – Скопје со Wizz Air
– Аеродромски такси
– Мала кабинска торба (40x30x20 cm)
– Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
– 4 ноќевања со појадок во хотел со 3*
– Организирани прошетки според програмата
– Организација на аранжманот и придрузник на патувањето
Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса 5 евра по лице се плаќа во автобус
– Доплата за еднокреветна соба: 260€
– Патничко осигурување
– Билети за јавен превоз со метро
Факултативни излети
– Пешачки разглед со водич: 45€
– Посета на Толедо со организиран трансфер и локален водич: 75€
– Посета на Сеговија со организиран трансфер и локален водич: 80€
*** Задолжително е минимум една факултатива (пријавување во агенција)
Напомени:
– Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот
– Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
– За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника
– За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
– Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
– Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
– За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2
