србИЈА
БЕЛГРАД | НОВИ САД
Tермин: 05.12-08.12.2025 Цена: 139€ / 8.618 ден.
За уплата до 05.11.2025: 109€ / 6.760 ден.
ПРОГРАМА:
1 ден: 05.12.2025
Поаѓање за Белград околу полноќ. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалноси.
2 ден: 06.12.2025
Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на шопинг центар Галерија. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње… Се упатуваме и сместуваме во хотелот во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден: 07.12.2025
Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн. Слободно индивидуално време во центарот на градот. Поаѓање кон Белград. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден: 08.12.2025
Појадок. После појадок се тргнува накај манастир Тумане. Манастирот Тумане се наоѓа на девет километри оддалеченост од Голубац, во подножјето на планината Голубац, опкружен со шума, на левиот брег на реката Туманска, што му дава посебна убавина на светилиштето. Пет века по упокојувањето Преподобниот Зосим, јасно е зошто светиот подвижник го избрал токму ова место за својот осамен и молитвен живот, скриено од луѓето и потполно погодно за молитвена тишина. Амбиенталната убавина, духовниот мир и присуството на светињите, ја прават вредноста на манастирот Тумане, како на духовен, така и на културно-историски план. После посетата на Манастирот, се враќаме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Во цената е вклучено:
– Превоз со туристички автобус
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3*во Белград
– ГРАТИС разглед на Белград со локален водич
– Посета на трговскиот ентар Галерија
– Посета на манастирот Тумане
– Водство и организација на програмата со лиценциран придружник
Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса 1€ по лице од ноќ
– Патничко осигурување
– Факултативна посета на Нови Сад – 25€
Напомени:
– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
– Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
– Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањетo.
– Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
– Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
– Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
– Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
– Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
– При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.
– Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. Либеро Травел и на самата агенција.
– Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2
