турција

ИСТАНБУЛ

Термин: 29.12.2024-01.01.2025                                                                                           ЦЕНА: 129 еур /7.998 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 29.12.2024
Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности и презентација на програма. Предвидено пристигнување во раните утрински часови.

2 ден: 30.12.2024
Пристигнување на групта во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп Травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 час.
Во договорено време се упатуваме на Крстарење. 
Крстарење по Босфор
Ви нудиме еден час крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот локален водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ќе се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул.
Балат
Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок.
Таксим плоштад
Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.

3 ден: 31.12.2024
По појадокот патниците се упатуваат на пешачка тура до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи  се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината.
Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II.
Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во  оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи.
Слободно време за подготвување за Дочек на Новата Година.
Во договорено време, со автобус се упатуваме на брод каде што ни претстои 4 часовно крстарење, и да ја дочекаме најлудата ноќ под мостот на Босфор.
Во договорено време се чекаме и со оние патници кои ќе одберат забава во хотел со Dj balkan party.

4 ден: 01.01.2025
По појадокот во хотелот следува одјавување околу 10ч. и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

Во цената е вклучено:
– Две ноќевања во хотел со 2* и 3* со појадок
– Автобуски превоз
– Лиценциран туристички водич
– Посета на Капали Чаршија
– Посета на турската продавница „Коска“
– Шопинг во 212 центарот
-Туристичка такса

Во цената не е вклучено:
– Патничко осигурување
– Индивидуални трошоци
Задолжителна уплата на депозит за факултативни излети – 25€

Факултатвни излети:
– Крстарење по Босфор, Балат и Таксим Плоштад – 40€ (оваа факултатива се купува како пакет, целодневна факултатива)
Дочек на Нова Година на брод на Босфор – 90€
– Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година на брод на Босфор вклучува:
– Влезница на приватен брод на Босфор кој ќе биде организиран исклучиво за гостите на ЕТА, 4 часовно крстарење
– Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
– Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад
– Организирани и резервирани конопои за секој гостин
– Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
– Вклучена храна за време на забавата
– Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот
– Професионално фотогафирање
+ Можност за купување на пијалоци по најниска цена
Дочек на Нова Година на приватна забава во хотел – 50€
– Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година во Хотел вклучува:
– Влезница за дочекот
– Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
– Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад,доколку е потребно
– Организирани и резервирани конопои за секој гостин
– Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
– Вклучена храна за време на забавата
– Забава со Dj balkan party
– Професионално фотогафирање
+ Можност за купување на пијалоци по најниска цена

Напомени:

– ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ ( ДОЗВОЛЕНО Е ПАТУВАЊЕ САМО СО ПАСОШИ НА Р.С.МАКЕДОНИЈА). Воедно пасошот не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
– За сингл соба се доплатуваат 30€ дополнително од аранжманот поради вториот кревет
– Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
– Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
– Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
– Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
– Резервации за одреден кат или страна не е можна.
– Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
– Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15€ за во два правци. Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија.

 

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!