чешка

ПРАГА | ДРЕЗДЕН | ВИЕНА
Термин: 06.12-10.12.2024                                                                                                     ЦЕНА: 189€ / 11.718 ден.
                                                                   ПРОМО ЦЕНА: 159 € / 9.858 ден. 
                                                             задолжителна уплата на пекетот факултативи – 80€                                                         
ПРОГРАМА:

1 ден: 06.12.2024 Македонија
Состанок на групата околу 11:00 часот кај Хотел Континентал, поаѓање околу 11:30 часот, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден: 07.12.2024 Прага
Пристигнување во зависност од околностите по патот и веднаш следува разглед на Стариот град со водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник- Орлој, Црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. Слободно време за одмор. Вкупно околу 3 – 4 часа. Потоа следува сместување во хотел и слободно време. Ноќевање.

3 ден: 08.12.2024 Дрезден
По појадокот, следува прекрасно денско крстарење по реката Влтава, каде ќе уживате во романтичниот поглед на локалитетите во придружба на звуците на Беджих Сметана.
Потоа се упатуваме кон Дрезден, излет кој ќе ве воодушеви. Дрезден е културно седиште на југоисточна Германија, кој поради својата убавина уште го нарекуваат и Фиренца на Елба. Следува прошетка до центарот на градот: Звингер, комплекс павиљони од 18век (светски пример за барокна архитектура), Катедралата, обалата на реката Елба, Фрауенкирхе, Брулската тераса….. Слободно време и можност за шопинг во бројните продавници во централниот дел на градот. Враќање во Прага во договорено време.
Вечерта индивидуална можност за посета на Прага и божиќните маркети. Ноќевање.

4 ден: 09.12.2024 Виена
По појадокот, следува одјавување од хотел. Групата се упатува кон Виена, главната престолнина на Австрија, моќен град кој плени со својата величина, историја, традиција и архитектура. Следува разглед на градот со водич: Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом) и секако божиќните маркети.

5 ден: 10.12.2024 Македонија
Во договорено време собир на групата и поаѓање кон Македонија. Следува ноќно возење и пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

Во цената е вклучено:
– 2 ноќевања во хотел 3* со појадок во Прага (или околона)
– Автобуски превоз на дадената релација
– Посета на Виена
– Организација и водство на програмата
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река) и Велес

Во цената не е вклучено:
– Разглед на Прага со водич – 15 евра
– Крстарење по реката Влтава – 25 евра
– Посета на Дрезден – 45 евра
– Задолжителна доплата за туристичка такса – 2.5€ по лице по ноќевање
– Задолжително патничко осигурување
– Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
– Индивидуални трошоци

Попусти и доплати:
– Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
– Нема намалување на цената за сопствен превоз
– ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
– Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

Напомена за распоред на седење во автобус:
– Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

 

Напомени:
– Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
– Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10евра по лице од уплатената сума, поради административните трошоци
– Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
– За патување на територијата на ЕУ пасошот не смее да има помалку од 3 месеци пред истекување.
– ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
– Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
– Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
– Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
– ПОЈАДОК: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
– Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
– Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
– Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
– Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– Важат општите услови за патување на ТА Сафари
– Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!