будимпешта
ЕСТЕРГОМ | ВИШЕГРАД | СЕНТ АНДРЕА | ВИЕНА
Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
ПРОГРАМА:
1 ден: 28.12.2023 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 13.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 13.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден: 29.12.2023 БУДИМПЕШТА
Очекувано Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел… Ноќевање.
3 ден: 30.12.2023 БУДИМПЕШТА –ВИЕНА
Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање
4 ден: 31.12.2023 БУДИМПЕШТА – ЕСТЕРГОМ – ВИШЕГРАД – СЕНТ АНДРЕА
По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во хотел во Будимпешта во попладневните часови. ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ПЛОШТАД. Ноќевање
5 ден: 01.01.2024 БУДИМПЕШТА
Појадок.По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта . Поаѓање за Македонија во доцните попладневни часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
6 ден: 02.01.2024 СКОПЈЕ
Очекувано Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус
– 3 ноќевања со појадок во хотел Bestline 3*
– Организација на аранжманот
– Лиценциран туристички придружник
Во цената не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување
– Крстарење по Дунав: 20€
– Посета на Естергом, Вишеград и Сент Андреа: 50€
– Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF: 50€
– Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич: 15€
***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Будимпешта – Крстарење – Виена – Сент Андреа: 120€
– Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
– Туристичка такса по лице: 185 ден
– Доплата за еднокреветна соба: 3.600 ден
– Доплата за седиште по избор (задолжителна резервација при уплата): 20€
– Доплата за празно седиште: 150€
Напомени:
– За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници
– Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила
– Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2