турција
ИСТАНБУЛ | 3 ноќи
Термин: 04.12-08.12.2025 ЦЕНА: 139€ /8.618 ден
ПРОГРАМА:
1 ден: 04.12.2025
Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.
2 ден: 05.12.2025 Македонија
Пристигнување на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.
Check in во хотелот е после 14:00 часот
По самото пристигнување групата заедно со туристичкиот придружник го започнува своето патување,oдносно се уплатуваат на пешачка тура, која вклучува посета на Капали Чаршија, Аја Софија и Сината Џамија. (влегувањето во џамиите е индивидуално)
Во договорено време групата заедно со туристичкиот придружник го започнува своето патување.Започнуваме со посета на Миниатурк – Турција во минијатура. Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција. Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја. Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.
Слободно време за прошетка низ Миниатурк – 45 мин до 1 час.
По посета на Миниатурк се упатуваме кон Ортаќој. Првиот ден ни завршува со посета на Ортаќој. Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој сместен на брегот на Босфор, денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден: 06.12.2025
Појадок.
Балат– Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Областа Таксим – Турата завршува со посета на областа “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња.
4 ден: 07.12.2025
Крстарење по Босфор – 90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи – Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.
Палатата Ќучуксу – Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов. Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година. Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни. Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.
Кадиќој – Ќадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море. Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот. Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници. Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.
Чамлиџа-џамија – Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии во Истанбул.
Пауза за уживање и фотографирање. Враќање кон хотел. Ноќевање.
5 ден: 08.12.2025
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи KOСКА, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави, чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.По шопингот, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија после полноќ.
Во цената е вклучено:
– 3 ноќевања во хотел со 2* или 3* со појадок во населбите Аксарај или Лалели
– Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
– Посета на Капали чаршија
– Посета на турска продавница за слатки работи Коска
– Посета на аутлет центар 212
– Туристички придружник
– Организација за време на патувањето
– Превоз: Скопје, Велес, Неготино, Гевгелија, Штип, Стумица, Прилеп и Битола
Во цената не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување
– Индивидуални тошоци
– Факултативни излети
Факултативни излети:
– Миниатурк и Ортаќој – 25 евра
– Крстарење по Босфорот – 85 евра
– Балат и областа Таксим – најпознатото маало со шарени куќички и Вселенската патријаршија – 25 евра
Попусти и доплати:
– За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот
– Попусти за деца:
Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% (кога се придружувани од двајца возрасни)
Дете до 12 години придружувано од едно лице плаќа 100% од изнсот на аранжманот
Напомена за распоред на седење во автобус:
– Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците е сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате посебно барање за седиште, истото се доплаќа 15€ за во двата правци
Напомени:
– Задолжителна проверка на пасош
– Пасошот не треба да е на 6 месеци пред истекување од момент на влез и излез од Р. Турција
– Секој патник има право на еден куфер и рачен багаж
– Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна на е можна
– Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– Важат општите услови за патување на ТА Сафари
– Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2
