италија
ВЕНЕЦИЈА | МИЛАНО | ВЕРОНА | ТРСТ
Термин: 06.12-10.12.2024 ЦЕНА: 169€ / 10.478 ден.
ПРОМО ЦЕНА: 139 € / 8.618 мкд
задолжителна уплата на пекетот факултативи – 80€
ПРОГРАМА:
1 ден: 06.12.2024 Македонија
Состанок на групата кај хотел Континентал во период помеѓу 12-14:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
2 ден: 07.12.2024 Трст
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден: 08.12.2024 Верона
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со водич: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle, најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот. Во вечерните часови заминување кон хотелот. Ноќевање.
4 ден: 09.12.2024 Венеција
Појадок и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во Божиќната атмосфера.. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје во договорено време.
5 ден: 10.12.2024 Македонија
Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови
Во цената е вклучено:
– Сместување во областа Венето или Лидо ди Јесоло, на база две ноќевања со појадок
– Автобуски превоз на наведените релации
– Разгледите според програмата
– Посета на Трст и трговскиот центар Палманова
– Услуги од туристички професионален водич – пратител
– Бесплатен трансфер Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна река), Велес
Во цената не е вклучено:
– Задолжителна доплата за туристичка такса за хотелот 2.5 евра по лице од ден
– ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАКСА за влез во Венеција – 5 евра (воведена од 01.05) се плаќа на лице место (доколку се плаќа)
– Патничко осигурување
– Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
– Индивидуални трошоци
Факулттивни излети:
– Разглед на Венеција со водич (повратна карта со брод од и до Пунто Сабиони) – 30 евра
– Факултативна посета на Верона и Милано со водич – 55 евра
– ПАКЕТ со сите излети во вредност од 85 евра може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 80 евра (плаќање во автобус)
Попусти и доплати:
– Доплата за еднокреветна соба 70% од цената на аранжманот
– Нема намалување на цената за сопствен превоз
– ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
– Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.
Напомени:
– Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
– Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10евра по лице од уплатената сума, поради административните трошоци
– Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
– За патување на територијата на ЕУ пасошот не смее да има помалку од 3 месеци пред истекување.
– ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
– Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
– Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
– Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
– ПОЈАДОК: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
– Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
– Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
– Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
– Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– Важат општите услови за патување на ТА Сафари
– Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2