ГРЦИЈА

ТРИКАЛА | МЕТЕОРИ

Божиќно село Трикала – старата зграда од тули, изградена во 1884 година која била фабрика за производство на леб сега има друга намена. Истата зграда, сега само завиткана со црвена панделка е место каде се кажуваат божиќните и новогодишните желби. Зградата која се наоѓа во Божиќното село во грчкиот град Трикала е атракција како за младите така и за повозрасните посетители. Божиќното село е место каде што децата можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Исто така, постои забавен парк кој ке ги импресионира најмладите, но и возрасните. Забавата продолжува со лизгање на мраз, возење на возот Пирати експрес кој ќе ве понесе низ едно магично Божиќно доживување кое се памети целиот живот.

Tермин: 01.12.2024                                                                                                        ЦЕНА:     Скопје 2500 ден.
                                                                                                                                                     Струмица 1900 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 01.12.2024
Поаѓање од Скопје во 03.00 часот пред хотел Континентал, поаѓање од Штип во 04.30 ч. пред Нова Пошта, поаѓање од Струмица 05.30 ч. Бензинската Макпетрол кај кружен. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Каламбака. Посета на манастирската населба Метеори која ја красат гигантски карпи, на кои се изградени средновековни Манастири. Некогаш биле 24, но денес се активни само шест. Ќе се посети најголемиот манастир Голема Метеора и еден од најубавите манастири – Варлаам. (Посета на Метеори доколку дозволуваат временските услови). По посетата се продолжува кон Трикала. Посета на најголемиот тематски Божиќен Парк кој никој не остава рамнодушен. Барем на еден ден дозволете си да бидете во светот на фантазијата и почувствувајте го новогодишниот амбиент во Божиќното село во градчето Трикала. Прекрасни празнични декорации, волшебна атмосфера, забава за големи и мали, вкусни искушенија, Дедо Мраз, лизгање на мраз, возење со воз…..  Вашите најмили ќе  можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Ве очекуваат незаборавни моменти исполнети со многу забава и среќа… Поаѓање за Македонија во 18.00 часот. Патување со попатни паузи. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

Во цената е вклучено:
– превоз со  туристички автобус
– организирана посета на Метеори ( доколку дозволуваат временските услови )
– организирана посета на Трикала и Божиќниот парк
– водство и организација на програмата со лиценциран придружник

Во цената не е вклучено:
– Индивидуални трошоци
– Патничко осигурување
– Влезници за културно-историските споменици

Попусти: 
– Деца до 1,99 год. ГРАТИС (без седиште)
– Деца од 2 до 4,99 год. 3200 ден.
– Деца од 5 до 10 год. 3500 ден.

Места на поаѓање:
– Скопје
– Штип
– Радовиш
– Струмица

Напомени:
– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!