ГРЦИЈА

КАВАЛА | ДРАМА

Tермин: 08.12.2024                                                                                                        ЦЕНА:     Скопје 1900 ден.
                                                                                                                                                     Струмица 1500 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 08.12.2024 Македонија – Кавала – Драма – Македонија
Поаѓање за Кавала во 02.00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во  04.00 ч од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 05.00 часот од Струмица, бензинската Макпетрол кај кружен тек. Патување со попатни паузи за  одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала. Разглед на градот со туристички придружник. Посета на црквата Св.Никола каде се наоѓаат трите камења, местото каде што се смета дека Апостол Павле за прв пат стапнал во Европа. Потоа продолжуваме кон Аквадуктот– симболот на Кавала, изграден од Сулејман Величенствениот, Тврдината– која овозможува магичен поглед на градот распослан кон морето кој го симболизира духот на поморскиот идентитет, како и Имаретот изграден во 1917 година – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али- основачот на Египетската династија. Слободно време за посета на божичниот маркет каде наместо зимзелените елки се украсува дрвен брод во морето со светликави ламбички. Тоа е оној традиционален симбол кој го симболизира духот на поморскиот идентитет и долгото очекување на морнарите да се вратат покрај своите семејства и да си посакаат топло добредојде. По посетата на Кавала, поаѓање кон Драма. Посета на една од најубавите божиќни манифестации – Божиќен пазар кој изгледа како од бајките- Дрвената куќичка на Дедо Мраз заедно со занаетчиските работилници, куќата на самовилите, божиќните штандови со специјално осветлување на кои се продаваат автентични и рачно изработени сувенири и подароци. Слободно време за  разглед и уживање во божиќната магија на градот. Поаѓање за Македонија околу 18 часот. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

Во цената е вклучено:
– превоз со туристички автобус
– организирана посета на Драма и Кавала
– водство и организација на програмата со лиценциран придружник

Во цената не е вклучено:
– Индивидуални трошоци
– Патничко осигурување
– влезници за културно-историските споменици

Места на поаѓање:
– Скопје
– Штип
– Струмица

Напомени:
– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!