србИЈА

БЕЛГРАД | НОВИ САД

Tермин: 31.12.2024-02.01.2025                                                                                           Цена: 149€ / 9.240 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 31.12.2024
Поаѓање за Белград во 00:30 часот од Штип, паркингoт пред Новата Пошта, 01:30 часот од Скопје, хотел Континентал, 02:00 часот од Куманово, бензинска Макпетрол. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Разглед на Белград со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав. Слободно време за индивидуални активности . Сместување во хотел. ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА. Ноќевање.

2 ден: 01.01.2025
Појадок.По појадокот факлутативна посета на  Нови Сад – центар на српската култура уште познат и по прекарот Српска Атина. Посета на Петроварадинската Тврдина, катедралата, прошетка низ стариот дел на градот. По посетата слободно време за индивидуални активности. Враќање во Белград во хотел во попладневните часови. ДОЧЕК НА ВТОРА НОВОДОГИШНА НОЌ. Ноќевање.

3 ден: 02.01.2025
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Слободно време за прошетка и разглед на Белград на Вода во чии состав e еден од најголемите шопинг центри Галерија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Куманово/Скопје/Штип во доцните вечерни часови.

Во цената е вклучено:
 – Превоз со туристички автобус или минибус
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3*во Белград
– Разглед на Белград со локален водич
– Водство и организација на програмата со лиценциран придружник

Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса 1.5€ по лице од ден
– Патничко осигурување
– Факултативна посета на Нови Сад – 20€
– Влезници за културно- историски споменици

Напомени:
– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!
Рок на пријабубање 20.12.2024!

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!