босна и херцеговина
САРАЕВО | МОСТАР
Термин: 10.10-13.10.2024 ЦЕНА: 89 еур / 5520 ден.
ПРОГРАМА:
1 ден: (четврток) 10.10.2024 Македонија – Сараево
Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
2 ден: (петок) 11.10.2024 – Сараево
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел и краток одмор. Од 20 часот следи факултативна свечена вечера или слободно време. Ноќевање.
3ден: (сабота) 12.10.2024 Сараево – Мостар – Сараево
По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во време поаѓање кон Сараево. Ноќевање. Слободно време. Ноќевање.
4 ден: (недела) 13.10.2024 Сараево – Вишеград – Дрвенград – Македонија
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со факултативно крстарење со брод на реката Дрина. Посета на симболот на мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеја на Емир Кустурица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Македонија
Во цената е вклучено:
– Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
– Две ноќевања со појадок во хотел 3*
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
– Посета на Трст и шопинг центарот Палманова
Во цената не е вклучено:
– Патничко осигурување
– Влезници за факултативните излети
– Верона и Падова 40 евра
– Венеција 20 евра
– Пакет факултативи 50е
Попусти и доплати:
– Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
– Нема намалување на цената за сопствен превоз
ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица.
Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица.
Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст
Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
– Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– Важат општите услови за патување на ТА Сафари
– Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2