италија

ВЕНЕЦИЈА | МИЛАНО | ВЕРОНА | ТРСТ | ЛИДО

Термин: 06.03-09.03.2025                                                                                              ЦЕНА: 159 еур / 9.860 ден.

                                         *** Попуст за уплати до 15.02.2025 – 139 еур / 8620 ден.***

ПРОГРАМА:

1 ден: (четврток) 06.03.2025
Состанок на групата во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи и царински формалности.

2 ден: (петок) 07.03.2025  Трст – Оutlet Noventa Di Piave – Лидо Ди Јесоло
Пристигнување во Трст во претпладневните часови.Продолжуваме со панорамски разглед на градот со посета на Понторосо, црквата Св. Спириндон, Римскиот театар, црквата Сан Антонио Нуово, плоштадот на Италијанското единство.Слободно време за индивидуални активности.Состанок со групата на претходно договореното место во пладневните часови и продолжување во еден од најпознатите шопинг центри во Европа – Палманова. Патување и сместување во хотелот.Ноќевање.

3 ден: (сабота) 08.03.2025 Лидо Ди Јесоло – Верона – Милано
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет во Верона и Милано: градот на Ромео и Јулија, плоштадот Бра, Арена, плоштадите Ербе и Сињорија, палатата и гробницата на семејството Скалијери, куќите на Ромео и наЈулија. Враќање од Верона и посета на Милано. Следува разглед на градот: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот. Дуомо – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton…) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден: (недела) 09.03.2025 Лидо Ди Јесоло – Венеција – Македонија
Појадок. Одјавување од хотелот.Слободно време во Лидо или факултативен излет во Венеција:  Слободно време за индивидуални активности.Состанок на групата во претходно договореното време со водичот и враќање во Лидо. Тргнување за Македонија во попладневните часови.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија.
 

5 ден: (понеделник) 10.03.2025 – Македонија
Враќање во Македонија во ранитте утрински часови во зависност од задржувањето на границите и условите на патот.

Во цената е вклучено:
– Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
– 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
– Организиран превоз од: Виница, Кочани, Струмица, Штип, Велес и Скопје
– Посета на Трст и шопинг центарот Палманова

Во цената не е вклучено:
– Патничко осигурување
– Влезници за факултативните излети
– Верона и Милано – 50 евра
– Венеција – 20 евра
– Пакет факултативи – 60 евра
– доплата за турисичка такаса 2.5 еур од ноќевање по лице

Попусти и доплати:
– Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
– Нема намалување на цената за сопствен превоз
– ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст

Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
– Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
– Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!