СРБИЈА
БЕЛГРАД
Термин: 08.03-09.03.2025 ЦЕНА: 89 еур / 5.520 ден.
ПРОГРАМА:
1 ден: 08.03.2025 ( сабота ) Струмица / Скопје – Белград
Поаѓање од Струмица, во 05.15 часот од Скопје пред хотел Континентал. Дневно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во предпладневните часови. Разглед на Белград со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав.Слободно време за прошетка низ познатите улици Кнез Михајлова и Теразије. Сместување во хотел. Можност за факултативна вечера на Скадарлија. Ноќевање.
2 ден: 90.03.2025( недела ) Белград – Скопје / Струмица
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот. Слободно време за прошетка и разглед низ Белград на вода во чии состав еден од најголемите шопинг центри Галерија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје /Штип во доцните вечерни часови.
Во цената е вклучено:
– превоз со високо туристички автобус
– 1 ноќевање со појадок во хотел M 4* во Белград https://www.hotel-m.com/
– разглед на Белград со локален водич
– организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк
Во цената не е вклучено:
– туристичка такса – 120,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
– патничко осигурување-150 денари ( задолжително)
– трансфер хотел-ресторан-хотел + факултативна вечера на Скадарлија ( минимум 35 лица за реализација, пријавување и уплата во агенција)
– влезници за културно-историски споменици
* Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
Напомени:
– ТА САфари го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
За реализација на аранжманот се потребени минимум од 45 патници за автобус!
– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2