Грција

КАВАЛА

Термин: 08.03-09.03.2025                                                                                                 ЦЕНА: 79 еур / 4.900 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 08.03.2025 ( сабота ) Македонија– Кавала
Поаѓање за  Кавала во 03.00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во  04.00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 05.00 часот од Струмица, бензинската Макпетрол кај кружен тек. Патување со попатни паузи за  одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала. Посета на црквата Св. Никола, до црквата се наоѓаат трите камења каде што се смета дека Апостол Павле за прв пат стапнал во Европа. Посета на симболот на Кавала – Аквадуктот изграден од Сулејман Величенствениот како и тврдината во Кавала. Потоа продолжуваме кон Имаретот, изграден во 1917 година – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али- основачот на Египетската династија. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Можност за факултативна вечера во Таверна. Ноќевање.


2 ден: 09.03.2025 ( недела )  Кавала – Mакедонија
Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Поаѓање за Македонија. Попатна посета на црквата св. Лидија во истоименото село. Лидија била првата жена која била крстена од Апостол Павле и која го прифаќа христијанството. Од овде, започнува ширењето на христијанството низ Европа. Пристигнување во Македонија во  доцните вечерни часови.

Во цената е вклучено:
– Превоз на дадената релација
– 1 ноќевање со појадок во хотел Esperia 3* во Кавала https://www.esperiakavala.gr/en/
– Разглед на Кавала и црквата св. Лидија
– Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник

Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса – 120 денари ( задолжителна доплата во агенција)
– Патничко осигурување ( задолжително)
– Факултативна вечера во Таверна (минимум 35 лица за реализација, пријавување во агенција)
– Влезници за културно-историски споменици

Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

Напомени :
– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање. 

 

За реализација на аранжманот се потребени минимум од 45 патници за автобус!

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– Важат општите услови за патување на ТА Сафари
– Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!