турција

ИСТАНБУЛ
Термин: 06.12-10.12.2024                                                                                                      ЦЕНА: 139€ / 8.618 ден.
                                                                   ПРОМО ЦЕНА: 109€ / 6.758 мкд 
ПРОГРАМА:

1 ден: 06.12.2024 Македонија
Средба на групата кај хотел Континентал во 15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.

2 ден: 07.12.2024 
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).
Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија.
Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел.

3 ден: 08.12.2024 
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме џамијата на турскиот претседател Ердоган, која е најголемата џамија во Турција и се наоѓа на азиската страна на највиското брдо Чамлиџа. Бидејќи е пуштена во употреба во 2019-та година, таа претставува една од најмодерните џамии која се издигнува високо над градот. Потоа го посетуваме местото Чамлиџа кое го нуди најубавиот поглед на Истанбул кој буквално ќе ве остави без здив, а ќе имате можност да направите прекрасни фотографии и да се напиете турски чај во отворениот дел со типично турски масички. Разгледот продолжува со местото Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе. Вечерта враќање во хотел и ноќевање.

4 ден: 09.12.2024 
По појадокот, следува одјавување од хотелот и можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството, Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета. За тие кои ќе останат во Аксарај, поаѓање од хотелот во договорено време.
По комплетирањето на групата се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој во моментов се реновира.
Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови во вторник

5 ден: 10.12.2024 Македонија
Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

Во цената е вклучено:
– Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
– Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
– Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,
– Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
– Туристички пратител за време на престојот
– Организација за време на патувањето

Во цената не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување
– Задолжителна доплата за туристичка такса 1 евро по лице од ден

Факултативни излети:
– Крстарење по Босфорот – 20 евра
– Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Кадикој, џамијата на Ердоган, видиковецот Чамлиџа – 20 евра
– Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој – 20 евра
– Балат – најпознатото маало со шарени куќички и Вселенската патријаршија – 10евра

* ПАКЕТ со сите ФАКУЛТАТИВИ 65 евра по лице

Попусти и доплати:
– За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот
– Попусти за деца:
  Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  Деца од 3 до 10 години плаќаат 85 евра (кога се придружувани од двајца возрасни)
– Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

Напомена за распоред на седење во автобус:
– Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

 

Напомени:
– Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
– Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10евра по лице од уплатената сума, поради административните трошоци
– Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
– За патување на територијата на ЕУ пасошот не смее да има помалку од 3 месеци пред истекување.
– ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
– Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
– Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
– Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
– ПОЈАДОК: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
– Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
– Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
– Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
– Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– Важат општите услови за патување на ТА Сафари
– Агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!