турција

ИСТАНБУЛ

Термин: 24.10-27.10.2024                                                                                                 ЦЕНА: 109 еур / 6758 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 24.10.2024
Поаѓање кон Истанбул во 16:30 часот Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена. Предвидено пристигнување во раните утрински часови.

2 ден: 25.10.2024
Пристигнување на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според  списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.
Check in во хотелот е после 14:00 часот. По самото пристигнување групата заедно со туристичкиот придружник го започнува своето патување,oдносно се уплатуваат на пешачка тура, која вклучува посета на Капали Чаршија, Аја Софија и Сината Џамија. (влегувањето во џамиите е индивидуално)
Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Таксим Плоштадот
Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

3 ден: 26.10.2024
Крстарење по Босфор
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.
Палатата Ќучуксу
Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул, која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов. Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година. Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни. Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.
Кадиќој
Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море. Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот. Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници. Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.
Чамлиџа-џамија
Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии  во Истанбул. Пауза за уживање и фотографирање. Враќање кон хотел. Ноќевање.

4 ден: 27.10.2024
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави, чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул. Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија после полноќ.

Во цената е вклучено:
– Две ноќевања и појадок во хотел со 3*
– Автобуски превоз
– Туристичка такса
– Лиценциран туристички придружник
– Посета на Капали Чаршија
– Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “
– Посета на аутлет трговски центар ,, 212 “

Во цената не е вклучено:
– Индивидуални трошоци
– Факултативни излети
– Балат и Таксим плоштад – 25 евра
– крстарење по Босфор, Бејлербеи, Палата Ќучуксу, Кадиќој, Бујук Чамлиџа тераса – 85 евра
– ВИП пакет (
вклучува посета на сите атрактивни знаменитости) – 100 евра
– Патничко осигурување

Попусти:
– Еднокреветна соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
– Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
– Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
– Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

 

Напомени:
– Задолжителна проверка на пасошот. Пасошот треба да има минимум 6 месеци важност од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија
– Секој патник има право на еден куфер и рачен багаж
– Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете
– Резервации за одреден кат или страна не е можна
– Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати
– Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци
– Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!