србија

ВРЊАЧКА БАЊА

Термин: 11.10-13.10.2024                                                                                                 ЦЕНА: 149 еур / 9238 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден: 11.10.2024 (петок) Врњачка Бања
Поаѓање во раните утрински часови. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања, eдна од најубавите туристички дестинации во Србија која има најдолга традиција во туризмот-цели 150 години. Сместување во хотел Zepter 4*. Слободно време за одмор и прошетка низ Врњачка Бања – посета на Мостот на љубовта, каде до денес вљубените парови ја задржуваат традицијата да ја „врзуваат“ својата љубов со поставување катанец испишан со своите имиња, а клучевите симболично ги фрлаат во реката. Индивидуален разглед и посета на седумте минерални извори: Топла вода, Слатина, Снежник, Езеро, Борјак, Бел извор и Врњачко врело. Враќање во хотелот.  Ноќевање.

2 ден 12.10.2024 (сабота) Врњачка Бања – Манастирот Жича
Појадок. Слободно време за користење на СПА услугите од хотелот. Можност за факултативна организиран посета на манастирот Жича кај Краљево. Жича е српски средновековен манастир од првата половина на 13 век, кој се наоѓа во близина на Краљево и припаѓа на жичката епархија на српската православна црква. Ја подигнал тогашниот прв крал на Србија од династијата Немањиќи, а најзначајна улога во неговото подигање имал и неговиот брат Свети Сава. Главната манастирска црква, изградена во рашки стил, посветена на Воскреснување на Христос (Свети Спас), според мислењето на научникот и историчар на уметноста Војислав Ј. Ѓуриќ, кога била завршена црквата, станала пример, и тоа во текот на целиот 13 век, со што во историјата на рашкото градителство, имала клучно место. Внатре во црквата има два слоја на фрески. Враќање во хотелот. Користење на хотелските содржини за одмор и релаксација. Ноќевање.

3 ден 13.10.2024 (недела) Врњачка Бања-  Ниш –Куманово/ Скопје/Штип
Појадок. Заминување за Македонија во пладневните часови со попатна посета на Ниш. Слободно време за индивидуален разглед на Ниш со можност за  шопинг. Поаѓање за Македонија и пристигнување во доцните вечерни часови.

Во цената е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус
– Две ноќевања со појадок во Хотел Zepter 4* во Врњачка Бања
– Посета на Ниш
– Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник

Во цената не е вклучено:
– Посета на Манастир Жича – 15 евра ( мин. 20 патници)
– Туристичка такса – 3 евра ( се плаќа во автобус)
– Патничко осигурување (задолжително)
– Влезници за културно-историските споменици

Напомени:

– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Може да се патува со биометриска лична карта или пасош. Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

– Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
– важат општите услови за патување на ТА Сафари
– агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2

Струмица | Ул. Маршал Тито бр.5
                   Тел. +389 34 345 335
     Скопје | Бул. 11 Октомври 23б
                   Тел. +389 2 310 1999           Е-пошта | info@safari.mk

Повеќе од 30 години со Вас!

Следете не!