Венеција

Венеција (Верона и Трст)

Програма

1 ден 17.04.2020 СКОПЈЕ – ТРСТ
Состанок со групата во 13:00 ч. и поаѓање за Венеција 13:30 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 18.04.2020  ТРСТ – ПАЛМА НОВА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 19.04.2020 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Појадок.
 После појадокот заминување на разглед на ВЕНЕЦИЈА со брод од Пунта Сабионе. Панорамски разглед на градот со локален водич: Плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде … Враќање во Лидо ди Јесоло. Вечерта можност за посета на национален ресторан со забава и жива музика. Ноќевање.

4 ден 20.04.2020 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – СКОПЈЕ
Појадок.
 После појадокот заминување за ВЕРОНА. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулијаколосеумот, плоштадите Бра и Ебре… слободно време за прошетка низ Верона и можност да пробате оригинална италијанска пица. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ден 21.04.2020 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 22.02. 129 € / 8.000 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 € / 9.240 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- Сместување во хотел со 3* – 2 НП (ноќевање со појадок) во Лидо ди Јесоло
- Организиран разглед и прошетка во Трст
- Организација, реализација и придружник на патувањето
- Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

                * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- ВЕНЕЦИЈА: брод + превоз + локален разглед: Лидо ди Јесоло – Венеција – Лидо ди Јесоло – 25 €
- Задолжителна посета и разглед на Верона со локален водич – 10 €
- Влезници за културно-историските знаменитости
- Патничко осигурување –  5 €
- Доплата за еднокреветна соба 2.190 денари

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
- Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
- Автобуските седишта се пополнуваат по датумот на уплата
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена преддатумот на започнување на истиот
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл...

Напомена: Oрганизаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Напомена: За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

 

Агенцијата поседува А лиценца за туристичко работење со рег. Број  13-6000/ 3