Прага

Велигден Прага

Tермин 16 Април

(5 дена / 3 ноќевања со појадок)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 € / 7.380 денари до 01.03.2020

Редовна цена на аранжманот: 169 € / 10.480  денари

Организиран превоз од: Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница

 

ПРОГРАМА:

1 ден 16.04.2020: Кочани – Скопје – Белград – Унгарија – Словачка – Чешка.

Тргнување од Кочани пред туристичката агенција во 11:00 часот. Попатно застанување во Штип, Велес и Скопје. Се упатуваме кон Прага со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.

2 ден 17.04.2020: Прага.

Очекувано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно време, враќање во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден 18.04.2020: Прага – Дрезден (факултативно).

Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по Втората светска војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да Ве остави рамнодушни. Враќање во Прага.Враќање во хотел. Ноќевање. 

4 ден 19.04.2020: ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.  Слободно време . Ноќевање

5 ден  20.04.2020 – ПРАГА - БРАТИСЛАВА

Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава, Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки и поаѓање за Скопје во попладневните часови.

6 ден  21.04.2020  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје – Кочани во утринските часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз
- Две ноќевања во хотел 3* во Прага со појадок (хотелот е во околината на Прага)
- Htl Fortuna West ***
- Посета на Братислава
- Организација и водство на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување  150 денари
- Разглед на Прага со локален водич  (10€)
- Факултативен излет Карлови Вари   (25€)
- Крстарење со брод по В`лтава  (15€)
- Целодневна посета на Дрезден  (30€)
- Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца.

НАПОМЕНИ:
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Т.А. Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
- Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
- За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници, и важат општите услови на патување на СКТМ и ТА Либеро Травел.
- За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање.
- Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
- Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.
- Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот.Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
- Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Сафари и СКТМ.