Милано – Лугано – Комо – Верона

Велигден / Милано – Лугано – Комо – Верона

Термин: 17-21.04.2020

ЗА УПЛАТА ДО 01.03.2020: 119 € / 7.380 ден.

МИЛАНО  претставува светски центар на модата, која освен за шопинг-терапија, градот го претвора во избор број 1 за оние кои ја ценат модата, богатите и луксузните барови и ресторани. Најбогатиот и најмодерниот град во Европа кој истoвремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои најголемата готска катедрала во светот, уметничкото дело „Последната вечера“ и најпознатата оперска куќа во светот „La Scala”. Милано е главниот мотор на економијата во својата земја и домот на берзата.Спојката помеѓу овие неверојатни знаменитости и гламурот кој се протега низ градот го прават Милано дестинација која МОРА ДА СЕ ПОСЕТИ!!!!

Програма на патување:

1. Ден 17.04.2020 (Петок) Виница – Кочани – Штип – Велес – Скопје – Kуманово – Милано

Состанок на групата во по договорено време во попладневните часови  пред т.а. Либеро Травел, попатно ги земаме патниците од Штип (нова пошта), Велес (нов кружен, бензинска Макпетрол), Скопје (Скопски саем, паркинг кај хотел ВИП), Куманово (Мак Петрол). Ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи и царински формалности.

2. Ден 18.04.2020 (Сабота) МИЛАНО

Пристигнуваме во предпладневните часови. Разглед на градот со локален водич: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот. Потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle – најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton итн.) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. Слободно време за шопинг и индивидуални активности. Можност за посета на црквата Santa Maria delle Graziе. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

3. Ден 19.04.2020 (Недела) МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО

Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија.

Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа.

Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Враќање во хотелот во попладневните часови. Ноќевање.

4. Ден 20.04.2020 (Понеделник) МИЛАНО – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање кон градот на љубовта Верона. Слободно време за индивидуална прошетка на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена. Прошетка по познатата улица Giuseppe Mazzini каде може да ги видите најголемите брендови од модната индустрија која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе, плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте,  во дворот на куќата на Јулија можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По договорено време групата се упатува кон познатиот аутлет Палманова (околу два часа), каде има познати брендови на гардероба по пониски цени. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска, Србија…

5. Ден 21.04.2019 (Вторник) Македонија

Пристигнување во Македонија во  попладневните часови.

ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 01.03.2020 – 119 € / 7.380 ДЕН.

СПЕЦИЈАЛЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ПАКЕТ со сите вклучени факултативи (Разглед Милано, Посета на Лугано - Комо и крстарење) – 55 евра по лице (со резервација во агенција) редовна цена 65 евра по лице

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 129 € / 7.990 ДЕН.

Во цената на аранжманот е вклучено:
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во околината на Милано
- Автобуски превоз на релација Кочани – Италија – Кочани
- Посета на Верона
- Посета на Палманова трговски центар
- Туристички придружник
- Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Разглед на Милано со професионален водич – 20 €
- Посета на Лугано и Комо – 25 €
- Крстарење по езерото Комо – 20 €
- Патничко осигурување 150 денари по лице

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
- Нема намалување на цената за сопствен превоз
- ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
- Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
- Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур-оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обврска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Организаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- Т.А. Либеро Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
- Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби
- Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Во хотелот се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот.Организаторот не може да влијае на сместувањет.
- Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
- Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
- ПОЈАДОК: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
- Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
- Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи, за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. Либеро Травел и на самата агенција.
- Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А Сафари и СКТМ.