Будва

БУДВА

Програма

1 ден 30.04.2020 – СКОПЈЕ – БУДВА
Состанок со групата кај арена Борис Трајковски. Поаѓање за Црна Гора во 22.00часот.  Ноќно возење преку граничните премини на Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 01.05.2020 – БУДВА
Пристигнување во Будва во претпладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Можност за прошетка до Стариот Град,пристаништето, прошетка по кејот на познатата Словенска плажа,цитаделата,бројните кафулиња,ресторани и бутици. Вечерта e планирана факултативна посета во некој од националните рестораните со морска храна и национални специјалитети во Будва, во спротивно индивидуална прошетка низ преубавата Будва. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 02.05.2020 – ДУБРОВНИК – БУДВА
Појадок.
 После појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на Дубровник – Страдун,Дубровачките градски зидини,статуата на Св.Влах-заштитникот на градот,Кнежев двор,Катедралата Вознесение на Дева Марија…Слободно време за фотографирање,индивидуални активности и прошетки.Во договореното време враќање во Будва. Ноќевање.

3 ден 03.05.2020 – БУДВА – БАР – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотел. Заминување кон Скопје и попатно застанување до Бар – крајбрежен град на Јадранското Море со население од 40.000 жители.Се наоѓа на 40 км од Будва,измеѓу Јадранското Море и Скадарското Езеро и е еден од најсончевите градови во Европа (има повеќе од 270 сончеви денови годишно). Градот е поделен на 2 дела: Стар и Нов Бар. Стариот град е вистински археолошки музеј под отворено небо,опркужен со маслинести и овошни дрвја.Новиот град е модерен со модерни градби,широки улици,продавници, песочни плажи и пристаниште.Можност за индивидуална прошетка и шопинг.Патот продолжува кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување наредниот ден во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 € / 6.100 ден.

 

Во цената на аранжманот e вклучено:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација
- Организација и реализација на патувањето
- ГРАТИС – попатна посета на БАР
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будва
- Туристички придружник во текот на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување 150 денари
- Туристичка такса за хотелот – 150 денари (се плаќа во агенција)
- Факултативен излет до Дубровник – 20 € ( за реализација се потребни минимум 25 лица )
- Резрвација и посета на ресторан – 25 € ( минимум 20 лица )
- Влезници во културно/историски споменици

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
- Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
- Автобуските седишта се пополнуваат по датумот на уплата
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена преддатумот на започнување на истиот
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл…

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни  минимум 45 патници!

 

  Агенцијата поседува А лиценца за туристичко работење со рег. Број  13-6000/ 3