ИСТАНБУЛ / 11-ти Октомври

ИСТАНБУЛ / 11-ти Октомври
79€ / 4900 денари
Термин: 09.10-12.10.2020
*слободно минување на сите граници за МК државјани преку Бугарија (транзит)

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Го обликувале четири силни цивилизации, грчка, римска, византиска, османлиска. Денес Истанбул претставува велеград со преку 13 милиони жители, кои работат и живеат на двата континента.Модерниот плоштад Таксим, или квартовите Бејоглу и Османбеј, ке направат да се чувствувате како во било која светска метропола, додека прошетка низ плоштадот на Султан Ахмет, неизбежно ќе ве врати илјада години назад низ времето: ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да најдете испреплетено и нераскинливо поврзување како во Истанбул. Истанбул е збир од знаменитости и музеи, звуци од галеби и улични продавачи, вкусови на традиционална храна. Истанбул е историја! Истовремено и најдобар пример за разликата меѓу сјајот и бедата на еден град, на една цивилизација.

ПРОГРАМА:

1 ден (петок): 09.10.2020

Поаѓање во попладневните часови од Koчани (организиран трансфер од Скопје, Велес, Струмица,Штип). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.

2 ден (сабота): 10.10.2020

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел. Програмата започнува со панорамска обиколка на Истанбул. Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул. Продолжуваме со пешачка прошетка во историскиот центар Султанахмет. Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на Сината џамија – единствена со 6 минариња. Следи факултативна посета на Топкапи палатата. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетуваните музеи во „Главниот град на светот“. Топкапи Сарај е подигнат во средината на 15-тиот век, по наредба на султанот Мехмед II „Освојувачот“. Градбата била направена врз старо византиско утврдување, а дел од камените столбови, како и кадата во која се крштевале византиските цареви се се уште зачувани и претставуваат дел од културното наследство, кое е под заштита на УНЕСКО од 1985 година.

По Топкапи следи посета на Аја Софија или Света Софија позната и како Црква на светата мудрост – единствен храм на светот кој бил црква, џамија, музеј . Изградена е во 537 година и како православна црква функционирала се до 1204 година, кога станала католичка црква. Во 1261 година повторно ќе стане православна, за во 1453 година да стане џамија, се до 1953 година кога Аратурк решава да ја претвори во музеј, се до 2020 кога Ердоган ја претвора во џамија.

Можност за попатна посета на Капали чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриена улица и над 300 продавници. Цените во Капали чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативна турска традиционална вечера со целосно мени. Ноќевање.

3-ти ден (недела): 11.10.2020

Појадок од 07.00 до 08.30. Во 09.00 започнува програмата. Факултативна посета на палатата Долмабахче кој е еден од најраскошните дворци во светот. Дворецот е скапоцено богатство на Турција. Слободно време или факултативно крстарење по Босфор со локален водич. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината Румелија Хисар. Ќе имате можност да ги фотографирате прекрасните Долмабахче, дворецот Јилдиз, Чифте Сарај. Потоа бродот се упатува ко Азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили каде се снимени повеќето од турските серии.

По завршувањето на крстарењето следи посета на облакодерот Сафир – највискоата зграда во Европа висока 236 метри. Ќе се искачиме до последниот кат на панорамското игралиште каде се протега неверојатна глетка кон градот и Босфор во 360 степени. Уникатна авантура се дополнува со можност да се вклучите во SkyRide – 4D зачудувачка симнулација на лет со хеликоптер над Истанбул и да се допре до знаменитостите на градот. Скај бар нуди извонредна глетка со филџан мирисно турско кафе меѓу облаците на Истанбул. Слободно време за фотографирање. Враќање во хотелот и слободно време за индивидуални активности.

Следната факултатива е посета на најпопуларниот плоштад во Турција – Таксим и улицата Истиклал која води до Галата кулата кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време за разглед на Галата кулата, шопинг во многубројните продавници, вечера во некој од рестораните или пак пијалок во кафуле. Враќање во хотелот. Ноќевање.

4-ти ден (понеделник): 12.10.2020

Појадок. По појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашува. Се упатуваме кон градот Едирне со посета на центарот на градот, Пристигнување во Македонија во утринските часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Панорамска обиколка на Истанбул со локален водич
  • Разглед на хиподромот
  • Разглед на плоштадот Султанахмет
  • Разглед на Сината џамија
  • Разглед на Аја Софија
  • Посета на градот Едрине
  • Лиценциран придружник
  • Лиценциран локален водич

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНO:

Влезници за музеите

  • Дворецот Топкапи – 20€
  • Дворецот Долмабахче – 25€
  • Крстарење по Босфор – 15€
  • Традиционална вечера  – 25€
  • Посета на облакодерот  Сафир, со вклучен билет за панорамско игралиште и 4D кино – 20€
  • Прошетка на Таксим – 10€
  • Аквариум Florya – 20€

Патничко осигурување – 150 денари

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ = 120 ЕВРА (гратис крстарење по Босфор)

  • Важно: Патувањето е од туристички карактер, задолжително минимум 2 факултативи.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

НАПОМЕНИ:

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А.Сафари го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
  • За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.
  • Придржување на мерките за Covid-19 ќе бидат во целост запазени.