Hotel Ariti

Hotel Ariti

Хотелот Арити се наоѓа на само 200 метри од песочната плажа на Паралија, наспроти паркот со фонтани и објекти за забава, а во непосредна близина се наоѓа и маркетот ЛИДЛ. Располага со 30 соби, рецепција и кафетерија, во која гостите можат бесплатно да користат безжичен интернет. Собите се опремени со САТ ТВ, клима уред, телефон, како и мини-кујна со основен прибор, сопствен тоалет и тераса (користењето на клима уредот се наплаќа на лице место). Поради завидната локација, комбинацијата на сместување со опремена кујна и хотелска услуга, како и одличната цена го прават овој хотел традиционално чест избор за летување на голем број туристи.
Детален опис на собите:
Двокреветни студија со 2 единечни кревети или 1 дупли кревет во склоп на кујната.
Трокреветни студија со 1 дупли кревет и еден единечен или 3 единечни кревети во склоп на кујната.
Четирикреветни студија со 2 дупли кревети во склоп на кујната.
Двоспален апартман со две затворени спални, една со 2 единечни кревети и една со 2 дупли кревети одвоени со кујна. 

Пакет цени

цени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз

Термин 15.09
Студио (мин. 2 лица) 69 €
  59 €
Апартман (мин. 4 лица) 59 €
  49 €

Во цената е вклучено:

- 7 ноќевања во студио по лице (мин. 2 лица во студио / мин. 4 лица во дуплекс)
- повратен превоз

Во цената не е вклучено:
- патничко осигурување
- туристичка такса 0,5 € по соба од ден 

Попусти:
- деца до 2 години: бесплатно (без седиште)
- деца од 2 до 6 години: само превоз 25 €
- деца од 6 до 14 години: 70% попуст (мин. 35 €)
- трето и четврто лице во трокреветна/четворокреветна соба и петто/шесто лице во дуплекс:50% попуст (мин. 35 €) 
- преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен
- за само лице во соба со превоз плаќа една редовна цена и плус 50 % од цената за наем на студио

Само превоз (повратно):
- деца до 2 години: бесплатно (без седиште)
- деца од 2 до 12 години: 25 € 
- возрасни: 35 € 
 

Автобуски превоз - време и место на поаѓање: 
04:30 Кочани - автобуска станица 
05:00 Скопје - пред агенцијата 
05:00 Штип - пред новата пошта 
05:45 Велес - бензиска станица на автопатот Е75 - мотел Македонија 
06:00 Струмица - спроти Хотел Глигоров 
06:15 Неготино - бензиска станица на автопатот Е75 
06:30 Валандово - бензиска станица на излез од градот кон Гевгелија 
07:00 Граничен премин Богородица - бензиска станица пред преминот 

Наем на студио/апартман

цени за цела соба за 7 ноќевања без превоз

Термини  15.09 
1/2 Студио 118 €
  98 €
1/3 Студио 133 €
  113 €
1/4 Студио 153 €
  133 €
Апартман (мин. 4 лица) 198 €
  158 €

Во цената е вклучено:

- наем на студио/апартман за 7 ноќи
- преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен

Напомени:                                                                                                                                                                                                      -Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. 
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.                                                                                                                        -Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.                                          - уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- важат општите услови за патување на ТА Сафари
- агенцијата поседува A лиценца со регистерски број 13-5233/2