Hotel Klimetica ***

Hotel Klimetica ***

Хотел Климетица Ви нуди незаборавни мигови поминати во природен амбиент. Сместен во густа борова шума, во непосредна близина на Охридското Езеро, на само 4км. оддалеченост од градот Охрид во туристичката населба Св. Стефан, Климетица е идеално место за одмор и релаксација. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа и пештерската црква Св. Стефан која е раритетен споменик на културата. Атмосферата која ќе ја затекнете, надвор од градската бучава, микс на чист планински воздух и езерска убавина ќе направи да се почувствувате свежи и исполнети со енергија. Внимателно избраните детали и боја на ентериерот на хотелот, даваат впечаток на префинетост. Овде љубезниот персонал ви го нуди вистинското чувство на добредојде. Хотелот располага со 41 луксузно опремени соби (двокреветни и трокреветни) и 4 апатрмани. Секоја соба е опремена со: кабелска ТВ, мини бар, директна телефонска линија, 24 часа бесплатна интернет конекција (wireless покриеност), клима уред. Располагаме со пространо лоби опремено со бар, телевизија, и WIFI конекција. Лобито Ви овозможува уживање во прекрасен поглед кон Охридското Езеро. Фонтана градина која ќе го привлече Вашето внимание да го испиете Вашето утринско кафе.

Цени за Јули /  Август / Септември 2020  

BB = 19 евра ( 1180 денари)

HB = 22 евра( 1360 денари)

* Цената е по лице на ден во двокреветна соба

*за сместување во еднокреветна + 30%доплата

* деца до 4 години гратис

* деца од 5-12 плаќаат 50% од цената